Работи кои на жените им биле забранети да ги прават во минатото

 Сите знаеме дека во минатото дискриминацијата на жените била многу лоша, но не сме знаеле дека постоеле толку смешни закони и правила за тоа што смеат, а што не смеат да прават жените.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-2

Еве неколку бизарни примери за тоа што им било забрането на жените:

Да имаат кредитна картичка

Имало време кога банките сакале да диктираат што смеат да прават жените со парите кои тие сами си ги заработуваат. За да поднесат документи за кредитни картичка морале да одат во придружба на маж кој морал да се потпише на нивната апликација како гаранција.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-9

Да носат каков сакаат костим за плажа

До 1920 година било строго забрането дури и на плажа да се носат костими кои покажуваат многу кожа. Имало стандарди како морале да изгледаат костимите и колку нога може да се покаже. Тие што не се согласувале со тие стандарди многу често ги апселе или морале да си ја променат облеката ако сакале да останат на плажа.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-10

Жените не смееле да работат додека се бремени

До 1964 година жените не смееле да работат додека биле бремени. Работодавачите не биле принудени да даваат породилно отсуство, туку тие жени можеле веднаш да добијат отказ.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-5

Да користат контрацептивни пилули

Контрацепцијата била табу тема во 20 век. Им било забрането на жените да користат контрацептивни средства и да го попречуваат патот на природата.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraveni-da-gi-pravat-vo-minatoto-6

Да играат фудбал

Во првата светска војна кога голем број мажи биле во војна, фудбалот станал голема занимација на жените во Англија. Меѓутоа во 1921 година, Фудбалската Лига донела заклучок дека спортот е несоодветен за женското тело. Сè до 1971 година женските фудбалски тимови не смееле да играат фудбал на машко игралиште.

raboti-koi-za-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-4

Да гледаат Олимписки Игри

Во античка Грција на жените не само што им било забрането да учестувуваат во олимписките игри, туку мажените жени не смееле ниту да ги гледаат. Ако некоја жена присуствувала на игрите, била казнета со смрт.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-7

Да пушат цигари на јавни места

За мажите било дозволено да се пуши, затоа што се сметало за мажествено, но на жените им било забрането да пушат цигари на јавни места како ресторани, барови, хотели и слично од 1908 година до 1927.

raboti-koi-na-zenite-im-bile-zabraneti-da-gi-pravat-vo-minatoto-1

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава