Пораки кои можете да ги прочитате од лицата на луѓето

Честопати сме се нашле во ситуација да треба да одглумиме насмевка или изненадување и да сме убедени дека сите сме ги увериле во тоа.

Poraki-koi-mozete-da-gi-procitate-od-licata-na-lugjeto-01

Сепак вистината е дека колку и да се трудиме нашиот лик може да нè издаде.

Истражувањата покажале дека само еден на секои десет луѓе може прецизно да ги контролира мускулите на лицето и да одглуми некаква емоција.

Пол Ејкман е професор по психологија на универзитетот во Сан Франциско и еден од најдобрите светски стручњаци за човечка мимика.

Тој поминал 40 години набљудувајќи илјадници луѓе кои се обидуваат да одглумат лажна насмевка или некоја друга гримаса.

Работејќи на оваа проблематика тој успеал да научи како да ги контролира сите 43 мускули кои ги има на лицето.

Во последните години многу безбедносни агенции како ЦИА и ФБИ го ангажираат како стручен соработник кој им помага во откривањето на вистинитоста на исказите кои ги изнесуваат осомничените лица.

Според него постојат неколку главни показатели за тоа како се чувствувате.

Ова се најопштите човечки емоции кои можете да ги забележите кај луѓето обрнувајќи внимание само на нивниот израз на лицето:

Тага: очните капаци се опуштаат додека внатрешните агли на веѓите се подигнуваат, или се допираат ако е во прашање голема тага. Аглите на усните се свиени, а долната усна е подигната.

Изненадување: горните капаци и веѓите се подигнуваат, вилицата „паѓа“, а устата е отворена.

Презир: Ова е единствен израз кој се манифестира исклучиво на едната страна од лицето: половина од горната усна е остро подигната нагоре.

Гадење – одвратност: Носот се насобира, горната усна е подигната, а долната издадена.

Страв: Очите се широко отворени, горните капаци подигнати како кога личноста е изненадена, но веѓите се собрани. Усните се хоризонтално развлечени.

Среќа:  Аглите на устата се подигнуваат во насмевка. Капаците се затегнуваат, образите се подигнуваат, а надворешните агли на веѓите се повлекуваат надолу.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава