Како да ги распоредите гостите на маса, за да не ви пропадне собиранката?

Распоредот на седење е еден од важните фактори за атмосферата на масата. Затоа, мора да биде внимателно осмислен. Следејќи неколку едноставни правила, вашите гости ќе се чувствуваат пријатно, адекватно и во (за нив) интересно друштво.

kako-da-gi-rasporedite-gostite-na-masa-za-da-ne-vi-propadne-sobirankata-1.jpg

План без грешка може да направите во само два чекора: прво, одредете го типот на личноста на вашите гости, а потоа сместете ги на соодветно место на масата.

Погледнете и како:

Домаќин

Како домаќин на вечерата, вие треба да седите што поблизу до кујната, за на најбрз можен начин да ги промените чиниите или дотурите вино, без вознемирување на гостите. Исто така, вашиот ангажман како домаќин подразбира и да се изборите со потенцијалните проблеми. За таа цел, седнете покрај интровертниот гостин и дивата на вечерта.

Совет: Гостите ќе го следат вашето однесување на трпезата. Доколку се смеете, разговарате со луѓето и убаво си поминувате, истото ќе го прават и тие.

Дива

Дивата на вечерта е личноста која секогаш се става себеси во прв план. Најпожелно да ја сместите покрај интровертната личност и шармерот. На тој начин, ќе му помогнете на срамежливиот и повлечен гостин да ги избегне непријатните прашања. Наместо него, дивата ќе го преземе текот на разговорот. Сепак, кога ќе го правите распоредот, задолжително избегнете ја опцијата дивата да седне покрај личностите кои се задолжени за забавата.

Совет: Најдете и место при крајот на масата, за да не го монополизира разговорот.

Трачарка

Гостите не можат да го избегнат разговорот за оваа личност и нејзините скандали (разводот, судењето, љубовните врски ...). Затоа, сместете ја на удобно место, што подалеку од оние кои ќе ја осудуваат и испрашуваат. Нејзиниот стол треба да се наоѓа покрај домаќинот, шармерот и аутсајдерот.

Совет: Секогаш трудете се личностите со сочни приказни да седат покрај вас. На тој начин, ќе знаете се.

kako-da-gi-rasporedite-gostite-na-masa-za-da-ne-vi-propadne-sobirankata-2.jpg

Интровертна личност

Повлечените личности почесто гледаат во чинијата со јадењето, отколку во оние кои седат до нив, или, пак, спроти нив.  Сместете го ваквиот гостин покрај шармерот или трачарката, затоа што е доволно срамежлив да не и поставува непријатни прашања. Од друга страна, никогаш не ја распоредувајте до аутсајдерот, бидејќи и на двајцата ќе им биде многу досадно.

Совет: Ако некој е внимателен, помалку ќе се грижите ако во текот на вечерата седнете до него и го споделите товарот.

Шармер

Шармерот може да води интересен муабет дури и со ледена скулптура. Toj истовремено ќе јаде и ќе му се восхитува на подготвеното јадење. Во критичните моменти, секому и за сешто ќе притекне во помош. Затоа, може да седи покрај било кој гостин, освен до домаќинот.

Совет: Ако немате пријател налик на овој, потрудете се да го стекнете.

Политичар

Колку е темата на разговорот поконтроверзна, толку политичарот ќе сака повеќе да зборува. Сепак, дебатите знаат да бидат ризични, бидејќи секој има свое мислење. Ако политичарот не го наметнува своето мислење како единственото кое е исправно  - проблемот е решен, а разговорот ќе биде поинтересен, бидејќи ги знае и најситните детали за секоја приказна. Доколку се приближи до критичната точка, суптилно прекинете го разговорот и започнете друга тена. Политичарот треба да седи покрај дивата, забавувачот и домаќинот, а што подалеку од повлечениот гостин и трачарката.

Совет: Бидете секогаш спремни да го прекинете. Сосема е во ред одвреме-навреме да ја прекратите приказната на овој тип на гостин и започнете нова тема.

Забавувач

Тој секогаш има нешто ново да им понуди на гостите. Управува со атмосферата на масата, но не е арогантен како дивата. За да има главна улога, забавувачот треба да го споите со трачарката и интровертната личност. Притоа, обидете се да го сместите што подалеку од дивата и домаќинот.  

 Совет: Ако започне муабет кој на сите на масата им е интересен, оставете го да зборува.

Аутсајдер

Аутсајдерот би можел да стане нова љубов на некој од вашите гости, но и вистински давеж. Затоа е најдобро да го сместите покрај личноста што го довела. Доколку дошол сам и никого не познава, седнете го помеѓу вас (домаќинот) и шармерот, а што подалеку од интровертниот гостин.

Совет: Веројатно тој ќе биде најнервозниот гостин. Поставете го да седи во фино друштво, за да се опушти и ужива во вечерата.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg