30 работи кои ќе ви се случат кога ќе наполните 30 години

Прашање над сите прашања: Кога жената е во своите најдобри години? Нашиот одговор е: Секогаш!

30-raboti-koi-kje-gi-iskusite-koga-kje-vlezete-vo-30tite-01.jpg

Меѓутоа, влегувањето во 30-тите се доживува како важна раскрсница во животот, како премин од младешките 20-ти кога сè ни е дозволено и кога за сè имаме време, во 30-тите кога е време да станеме сериозни.

Што ни носат 30-тите? Повеќе обврски, пократок ден, брак, деца...

30 работи кои најверојатно ќе ви се случат кога ќе влезете во вашите 30-ти години:

1. Наместо да ги гледате пријателите неколку пати неделно, ќе ги гледате само неколку пати годишно.

2. Ќе го изгубите трпението за целодневен шопинг и чекање во предолги редици.

3. Ќе ви стане попривлечно да ја поминете саботата пред телевизија, отколку некаде на луда забава.

4. Трката за пари ќе ви стане поважна од вашите хобија и работите кои ги сакате.

5. Наместо одење на егзотични одмори, во главно ќе идете на свадби и во посети на семејството.

6. Ако сте сингл, ќе ги преиспитувате раскинувањата од 20-тите.

7. Полесно ќе ви биде да кажете „Не“.

8. Затоа потешко ќе ги трошите калориите и ќе ги намалувате килограмите.

9. Ќе морате да развиете стратегија за пиење алкохол, бидејќи мамурлакот ќе биде полош, така што, една чаша вино, една чаша вода.

10. Нема да прифаќате било каква работа.

11. Нема да ви биде важно кој ве сака, а на кого не сте му многу симпатични - чисто губење на времето.

12. Постојано ќе одите до теретана и ќе се откажувате на пола пат, и така едно 100 пати.

13. Дневните журки ќе бидат преполни со деца, а некои од нив може да бидат и ваши.

14. Вистинските забави ќе бидат ретки, можеби кога децата не се покрај вас.

15. На Фејсбук ќе ве интересираат рецензии за блендер, повеќе отколку за чевли.

16. Ќе станете позаинтересирани за желбите на родителите и плашливи нешто да не им се случи.

17. Највозбудливото пазарење ќе ви биде кога ќе купувате удобен кревет.

18. Отприлика подеднакво возбудени ќе бидете и кога ќе купувате нова машина за перење облека.

19. А, ако сте дел од оние кои биле должни како студенти, нема да бидете многу среќни што морате да враќате пари.

20. Веројатно некои од вашите пријатели ќе се разведат, без разлика на тоа колку сте изненадени заради тоа.

21. Исто така, некои од нив може да имаат проблеми со плодноста.

22. Дружењето во парови ќе ви биде основен вид на социјализација.

23. Приоритет ќе ви стане плаќањето на сметки и кредити за стан, а не уште еден пар чевли кои баш и не ви требаат.

24. Помалку ќе ви биде важно што е модерно, а повеќе што е удобно.

25. Одеднаш ќе почнете да се сомневате да не сте интолерантни на глутен и лактоза.

26. Ако не сте во врска, сигурно ќе излегувате со некој кој веќе има и деца.

27. А, потоа ќе се запрашате дали и вие сакате едно.

28. Додека го посетувате својот дерматолог, ендокринолог, гинеколог, па децата на педијатар... - многу време ќе поминувате во дружење со доктори.

29. Ќе пиете пијалаци кои го прочистуваат вашиот организам, ако не заради нешто друго, тогаш затоа што велат дека прават добро да се чувствувате.

30. Домашните обврски ќе ви станат единствен вид на физичка активност.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава