Зошто загубата на пријателот е потешкa од раскинувањето со партнерот?

Кога ќе се заврши романтичната врска, пријателите се секогаш тука да дадат поддршка и бидат рамо за плачење. Но, што кога ќе се прекине пријателската врска?

zoshto-zagubata-na-prijatelot-e-poteshka-od-raskinuvanjeto-so-partnerot-1.jpg

Без оглед на тоа дали ни треба соучесник за јадење еден тон слатки, советник за социјалните мрежи или експерт за анализа на секој детаљ од нашите врски – тие се секогаш тука. Пријателите.

Тешко ни е кога ќе го прекинеме односот со пријателот, затоа што не знаеме како да „закрепнеме“ од крајот на пријателството.

Терапевтката Мередит Силверсмит, објаснува зошто потешко ни паѓа прекинот на пријателството, отколку крајот на љубовната романса:

1. Не влегувате во пријателски односи со претпоставка дека ќе завршат

Кога ќе почнете да се забавувате со нов партнер, секогаш имате на ум дека нештата можеби ќе тргнат во лош правец и дека ќе се разделите на тој пат. Но, кога го градите пријателството, тоа не ви e ни на крај на памет. Прекинот на пријателството е многу потежок, затоа што никогаш не го очекувате.

2. Вие сте навистина свои во таквиот однос

Во пријателството, многу порано го покажувате вистинско лице, прикажувајќи се такви какви реално сте. Тоа ве прави многу поранливи, па пријателите можат и многу посилно да удрат на вашето его.

zoshto-zagubata-na-prijatelot-e-poteshka-od-raskinuvanjeto-so-partnerot-2.jpg

3. Побргу се зближувате со пријателот

Убавите спомени се создаваат и во врските, но со пријателството нештата се одвиваат многу побргу. Кога сте во врска имате повеќе граници во однесувањето, додека пријателството ви дава потполна слобода. Затоа и чувствувате поголема загуба кога ќе останете без пријателот, отколку без партнерот.

4. Ги вклучувате пријателите во семејниот живот

Ги запознавате со останатите пријатели и семејството, затоа што немате никакви ограничувања. Не размислувате што треба да значи кога тој или таа ќе ви ги запознае родителите. Пријателите заземаат поголем дел од вашиот живот, од моментот кога ќе се појават во него.

zoshto-zagubata-na-prijatelot-e-poteshka-od-raskinuvanjeto-so-partnerot-3_copy_copy.jpg

5. Тие знаат сè за вас

На пријателите им доверувате сè за себе, па губитокот на некој во кого сте имале огромна доверба боли.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава