За да добиете подобра услуга во ресторан: 8 ситници кои треба да ги практикувате

Никој не сака кога во ресторан го служи некој арогантен и нељубезен келнер.

za-podobra-usluga-vo-restoran-8-sitnici-koi-treba-da-gi-praktikuvate-01.jpg

Но, иако ретко, сепак се случува, тоа однесување да биде резултат на нешто што вие не сте ни приметиле дека сте го направиле.

Со оглед на тоа што добрата услуга може да го подобри или да го уништи вашиот ручек, неколку искусни келнери откриваат мали ситници кои  може да го подобрат вашето излегување во ресторан.

Ќе си олесните ако ги применувате овие работи:

Не му отежнувајте на домаќинот

Да, чекате 12 минути за маса, а ви кажале дека ќе се ослободи за 10. Ужас. Но, тие не се виновни за тоа што претходните гости одлучиле дека сакаат и десерт, а нормално дека не може да ги „избркаат“ за вие да седнете. И вие не би сакале некој да ве избрзува во десертот.

Нарачувајте сите во исто време

Ако некој на вашата маса има потреба од уште некоја минутка за да се одлучи, тоа е сосема во ред. Само кажете му на келнерот дека ќе го викнете кога ќе одлучите, за тој да не мора да го губи времето врткајќи се околу вашата маса.

Така нема да ви прави притисок, ќе може да послужи други гости за тоа време и плус, ќе ви го донесат јадењето во исто време на сите.

za-podobra-usluga-vo-restoran-8-sitnici-koi-treba-da-gi-praktikuvate-03.jpg

Разгледајте го добро менито пред да нарачате

Ако сѐ уште го прелистувате менито, двоумејќи се помеѓу пилешки прсти или пица, побарајте му на келнерот уште малку време да размислите, или пак прашајте го што би ви понудил тој/таа.

za-podobra-usluga-vo-restoran-8-sitnici-koi-treba-da-gi-praktikuvate-02.jpg

Читајте ги состојките

Ако сте алергични на повеќе работи, читајте ги добро состојките на јадењата во менито. Ако нешто ви е нејасно, прашајте го келнерот пред да го подготват јадењето во кујна, за потоа да нема забуни и дополнителни проблеми.

Вие сами си одговарате за последиците доколку во менито ги пишува сите состојки.

Не ги оставајте сите ваши работи на масата

Направете место за храната. Келнерот ги носи сите работи кои сте ги нарачале и има само 2 раце, па затоа бидете културни и тргнете ги сите работи кои ви стојат на масата.

za-podobra-usluga-vo-restoran-8-sitnici-koi-treba-da-gi-praktikuvate-04.jpg

Не ги зазборувајте келнерите со приватни разговори

Избегнувајте да ги прашувате вработените за нивниот приватен живот од 3 причини: прво, тие се зафатени и имаат работа, второ - некултурно е и трето, не е ваша работа. Тие се тука само за да ве услужат, па затоа не им го одземајте времето ако сакате подобра услуга.

za-podobra-usluga-vo-restoran-8-sitnici-koi-treba-da-gi-praktikuvate-05.jpg

Поделете си ја сметката меѓу вас

Можеби вас не ви изгледа на тешка работа да ви дадат посебна сметка за секој да го плати своето, но зависно од системот кој го има ресторанот, тоа може да биде комплицирана работа, посебно кога има гужва.

Бидете љубезни

Не ги заборавајте магичните зборови: „ве молам“ и  „благодарам“. Многу често гостите забораваат да ги кажат овие зборови, но љубезноста и културното однесување, никогаш не пречат. Ако вие сте љубезни и персоналот ќе биде со вас.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава