Најголемите пронајдоци кои се „родени“ во Австрија

Австија е позната по многу нешта: моцарт-чоколатцата, Виенски валцер, „бечката“ шницла, но постојат и многу други производи кои имаат потекло од Австија, но се малку познати по таа своја особина.

najgolemite-pronajdoci-koishto-se-rodeni-vo-avstrija-001.jpg

Во продолжение прочитајте кои производи, пронајдоци и креации имаат австриско потекло и како истите започнале да постојат:

Снежен глобус

Овие џебни макети, спакувани во магична зимска идила, во форма на топки, може да се најдат во речиси секоја продавница за подароци во светот. Легендата вели дека пронаоѓачот, г-дин Перзи I (Првиот), првично не сакал да направи сувенири, туку, всушност, се обидел да го подобри квалитетот на неодамна измислената сијалица.

Благодарејќи на неуспешноста на неговата иницијална идеја, овие сувенири со тек на времето станале едни од најпродаваните подароци во светот. По реализацијата на потенцијалот на неговиот случајен пронајдок, тој ја основал својата компанија „Original Vienna Snow Globes“, а масовното производство започнало во 1905 година.

Музејот на снежниот глобус во Виена, кој го води семејството Перси, ја слави историјата и успехот на оваа светска креација.

najgolemite-pronajdoci-koishto-se-rodeni-vo-avstrija-3.jpg

Забавена снимка („Slow-motion“)

Забавеното движење е од суштинско значење за подобрување на неизвесноста во акционите филмови и за снимање на деталите во најдобрите спортски моменти. Август Музгер е австриски свештеник и физичар којшто е одговорен за овој пронајдок.

Музгер е роден во градот Стирија, Австрија и продолжил да учи математика и физика во Грац. Заморен во треперењето на примитивните филмови, Музгер пронајде начин да го подобри нивниот квалитет и така го пронајде забавеното движење.

Денес, тоа е една од најчесто користените кинематографски техники, употребена во многу познати сцени.

najgolemite-pronajdoci-koishto-se-rodeni-vo-avstrija-4.jpg

ПЕЗ Бонбони („PEZ“)

Секој којшто е роден пред или во текот на 90-тите години од минатиот век се сеќава на пуцкање на малите бонбончиња познати како пез-бонбони. Спакувани во минијатурни амбалажи со цртан лик на врвот, овие бонбони беа огромен хит, а австрискиот Едуард Хаас III (Трети) е одговорен за нивното создавање.

Името потекнува од германскиот јазик за пеперминт-„Pfefferminz“ или скратено „PEZ".

najgolemite-pronajdoci-koishto-se-rodeni-vo-avstrija-5_copy.jpg

Психоанализа

Зигмунд Фројд е еден од најпознатите жители на Виена, а неговата теорија за психоанализа стана витална во обидот да се откријат тајните на човечката психа.

Теоријата на Фројд главно се фокусира на идејата за свесните и несвесните умови, за коишто тој верува дека се основа за објаснување на сложеноста на човечкото однесување.

Посетителите на Виена можат да дознаат повеќе за животот и работата на меѓународно познатиот невролог во Музејот на Зигмунд Фројд - поранешниот канцелариски и семеен дом кој е зачуван како споменик на големиот човек и неговите идеи.

najgolemite-pronajdoci-koishto-se-rodeni-vo-avstrija-6_copy_copy.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...

Најчитани неделава