Начинот на кој ви е уредена кујната го открива вашиот карактер

Кујната е срцето на секој дом. Тоа е место каде се подготвуваат вкусни оброци и се собира целото семејство и пријателите.

nachinot-na-koj-vi-e-uredena-kujnata-go-otkriva-vashiot-karakter-01.jpg

Класична, модерна, минималистичка или рустикална, секој дом  има различен тип на кујна, која е уредена на начин кој ги отсликува желбите на луѓето што живеат во него.  

Откријте кои карактерни црти ги открива начинот на којшто ви е уредена кујната.

Класична кујна

Класичните кујни никогаш не излегуваат од мода. Традиционални и елегантни, но не и здодевни, во нив сé е наредено како под конец, баш како што сте и вие: методични и организирани.

nachinot-na-koj-vi-e-uredena-kujnata-otkriva-del-od-karakterot-02.jpg

Модерна кујна

Кујна која е уредена според моменталните светски трендови. Опремена со сите потребни уреди, со интересни материјали и уникатни детали. Љубителите на модерни кујни се во чекор со најновата технологија. Шармантни се и обожаваат да експериментираат во готвењето за себе и своите најблиски.

nachinot-na-koj-vi-e-uredena-kujnata-otkriva-del-od-karakterot-03.jpg

Минималистичка кујна

Кујна со чисти линии и без непотребни детали, каде преовладуваат една до две бои најмногу. Оваа кујна го има само најпотребното и најважното и иако делува ладно, има убав амбиент.

Љубителите на минималистички кујни се штедливи и не сакаат да трошат пари на непотребни работи, како што е облека. Се фокусираат главно на практичната страна на животот.

nachinot-na-koj-vi-e-uredena-kujnata-otkriva-del-od-karakterot-05.jpg

Рустикална кујна

Кујна која изгледа малку старовремски е избор на релаксирани и позитивни личности. Вам поважно ви е храната да е вкусна и подготвена со љубов, отколку да има машина за садови или најновиот модел на микробранова печка. Носталгични сте и ги почитувате традиционалните вредности.

Обрнувате внимание на деталите, па во вашата кујна може да се најдат уникатни прибори за јадење купени од некое патување.

nachinot-na-koj-vi-e-uredena-kujnata-otkriva-del-od-karakterot-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава