Бебе кога? Како да одговорите на „клише“ прашањата после свадба?

Направивте свадбена веселба со многу гости и сите уживаа во прекрасната атмосфера. Заврши свадбата, па следат фотки, видеа, честитки и неизбежните „клише“ прашања што скоро сите ги поставуваат.

bebe-koga-kako-da-odgovorite-na-klishe-prashanjata-posle-svadbata-01_copy.jpg

Иако повеќето се добронамерни, некои прашања знаат да ги изнервираат и најсмирените тазе брачни парови.

Ние ви предлагаме како да се снајдете со одговори:

„И? Како е сега?“

Уште не поминала ни една недела од свадбата, се поставува прашањето „како оди брачниот живот?“ „Исто како претходно или?“ Со ова прашање обично луѓето сакаат да искажат интерес за вас, па не се лутете ако ви го поставуваат безброј пати.

Само насмевнете се и одговорете искрено – дека уживате во новото животно поглавје.

„Бебе кога?“

Ова прашање е едно од оние кои не би требало да се поставуваат, ни после свадбата, ни понатаму. Бебето е ваш личен избор и не би требало никому да се објаснувате за тоа.

Ако сакате пристојно да избегнете да одговорите, само кажете дека моментално сте фокусирани на уживањето во бракот и не размислувате за иднината.

„Ќе го менуваш презимето?“

Овде нема вистински или погрешен одговор бидејќи сé зависи од вашиот избор. Искреноста е најдобра опција, освен ако сметате дека тој/таа што прашува е наметлив или не ви е толку близок за да знае.

„Уште не сум сигурна“ или „Ќе видиме“ се сосема прифатливи одговори.

„Ќе купувате куќа?“

Без оглед дали живеете во сопствен или изнајмен стан, кога сте во брак скоро сите ги интересира дали новиот живот ќе го започнете во нов дом. Сите си имаме различни планови за иднината, па ова прашање најдобро е да одговорите со некоја шега.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...

Најчитани неделава