Сѐ уште не сте виделе сѐ: 5 работи кои вреди да знаете како се прават

Секојдневно сме опкружени со стотици работи кои ги користиме и консумираме, но никој од нас не се запрашал како всушност се направени тие производи.

karmin-chokolado-maskara-znaete-li-kako-se-pravat-proizvodite-koi-sekojdnevno-gi-koristime-01.jpg

Знаете ли како изгледа процесот на производство на кармините, сапуните, чоколадото или маскарата?

Погледнете ги овие кратки видеа со објаснување, што барем малку ќе ви го доближат процесот на создавање на овие работи, пред финалниот производ да дојде во нашите раце:

Кармин

  • Карминот обично содржи 5 состојки: ланолин, масло, восок, боја и седеф.
  • Се користат многу бои за овој производ, вклучувајки жолта, црна и сина. Боите се мешаат за да се добијат различни нијанси.
  • Кармините се секогаш парфимирани. Ако не се парфимираат, ќе имаат мирис на восок од свеќа.

Чоколадо

  • Чоколадото се прави од зрна од какао, кои се собираат, се чистат и ферментираат во специјални кутии 8 дена. Потоа зрната се сушат и испраќаат во фабриките за чоколадо.
  • Таму зрната се сортираат и печат, па се мешаат со млеко и шеќер. Потоа, чоколадото се вари околу 12 часа.
  • Температурата и влажноста се постојано набљудувани во секоја фаза на производството, бидејќи тоа влијае на изгледот и вкусот на финалниот производ.

Маскара

  • Главната состојка на секоја маскара е пигмент. Други вообичаени состојки се вода, восок и масла.
  • Во зависност од целта на маскарата, се менува и нејзиниот состав. На пример, ако е за издолжување на трепките, тогаш содржи многу флексибилни полимери и микрофибер, додека пак водоотпорната содржи многу парафин.

Сапун

  • Основни состојки на сапунот се масла и масти.
  • Варењето на сапунот наликува на варење на супа. Тие кои го прават сапунот, постојано гледаат да не претече и ја мешаат смесата со посебна лопата. Откако ќе се свари, сапунот стои 36 часа за пастата од сапунот да се смири и зацврсти.

Чипс

  • За добар чипс е потребен и добр одбран компир, а не било каков. Малите компири исто така нема да завршат работа. За да се направи чипс од 500 грама, потребно е речиси 2 килограми компир.
  • Компирот се сече на парчиња не подебели од 1.33 милиметри и потоа се пржат само 3 минути.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава