6 непознати приказни кои се кријат зад познатите фотографии

Времето „лета“ многу брзо што дури и не забележуваме колку многу години се поминати од некои настани во минатото.

5-nepoznati-prikazni-koi-se-krijat-zad-poznatite-fotografii-01.jpg

Сепак, фотографиите колку и да се стари, тие траат засекогаш.

Овие фотографии се многу стари и познати, а дознајте која е приказната што се крие зад нив.

Неколку секунди пред легендарниот портрет на Алберт Ајнштан

Таа вечер, Ајнштајн задоволен влегов во автомобилот по неговата прослава за 72-иот роденден. Фотографот Артур се доближил до вратата и замолил за фотографија. Ајнштајн се свртел и го исплазил јазикот, а фотографот успеал да го улови моментот.

Оригиналната слика е поголема, но потоа била исечена како портрет. Инаку, и тој самиот ја обожавал оваа фотка.

5-nepoznati-prikazni-koi-se-krijat-zad-poznatite-fotografii-02.jpg 

Ручек на врв на облакодер

Легендарната фотка прикажува 11 градежници кои се релаксираат за време на ручек на огромна висина. И иако овие луѓе се вистински работници, сепак фотографијата е сценирана – направена е за да го промовира Рокфелер Центарот, каде што е сликано.

Насловната на албумот „Abbey Road“ на Битлси

Насловната слика за 12-иот абум на бендот била направена веднаш до студиото каде што снимале. Патот бил затворен неколку минути само заради ова. Во исто време, американски турист шетал наоколу и разговарал со полицаец во автомобилот паркиран од десната страна. Тој бил изненаден кога ги видел момците, но набрзо заборавил на нив. 1 година подоцна, тој се нашол на насловната на албумот на легендарниот бенд.

5-nepoznati-prikazni-koi-se-krijat-zad-poznatite-fotografii-03.jpg

Times Square на денот на победата над Јапонија

Девојката на фотографијата, Едит, ја раскажа следнава приказна: таа работела како медицинска сестра и брзала на Times Square, каде луѓето го славеле крајот на Втората светска војна и капитулацијата на Јапонија.

Таа излегла од метрото и одеднаш ја грабнал морнар и ја бакнал, а фотографот кој ги сликал луѓето што слават, успеал да го фати моментот на камера.

Девојчето од Авганистан

Во 1984-та фотографот Стивен Мекури патувал низ Авганистан собирајќи материјал за војната. Во еден од камповите со избеглици, 12-годишно девојче му го привлекло вниманието. Нејзиното село штотуку изгорело и многу членови од нејзината фамилија загинале. Тој направил неколку фотки од неа и дури дома сфатил колку моќна работа завршич.

Во 2002 девојчето било пронајдено – нејзиното име е Шарбат Гула, таа е омажена и уште живее во Авганистан.

5-nepoznati-prikazni-koi-se-krijat-zad-poznatite-fotografii-04.jpg

Мерилин Монро и нејзиниот разлетан фустан

Фотките од „The Seven Year Itch“ се познати и меѓу оние кои никогаш не го гледале филмот. И не е ништо чудно бидејќи легендарната сцена на Мерилин со фустанот кој лета е од него.

Требало долго време додека актерката успее да ја одигра сцената добро, а нејзиниот љубоморен партнер постојано ја набљудувал и бил лут што таа го покажува телото. Инаку набрзо се разделиле, но секој кадар од оваа сцена стана легендарен.

5-nepoznati-prikazni-koi-se-krijat-zad-poznatite-fotografii-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава