18 работи кои мора да ги направите летово

Летото е веќе во полн ек. За многумина омилено годишно време посветено на одмор, уживање и опуштање.

18-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-letovo-01.jpg

За да си го направите летото поинтересно и да создадете незаборавни спомени, ви предлагаме неколку идеи за 18 работи кои мора да ги направите:

1. Исклучете го интернетот и разговарајте со вашите пријатели на различни теми.

2. Гледајте го изгрејсонцето и зајсонцето.

3. Прскајте се со црево во дворот за да се разладите (па што ако сте возрасни?)

4. Одвојте ден само за вас. Шетајте, читајте книга, одете на кино – сами.

5. Направете си летна забава на отворено со коктели и базени полни со вода.

18-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-letovo-02.jpg

6. Организирајте пикник во природа.

7. Пливајте – на базен, на езеро, на море.

8. Одете во некој ресторан каде служат храна која не сте ја пробале – кинеска, индиска, арапска и слично.

9. Најдете рецепти за ладни кафиња со мраз и направете си некое од нив.

10. Уживајте во летните активности: одбојка на плажа, трчање на кеј, возење велосипед.

11. Направете книжевна вечер со пријателите. Договорете се сите да прочитаат една иста книга и дискутирајте ја заедно.

12. Посетете некоја од летните дискотеки.

13. Одете на гости кај роднините во друг град.

14. Впуштете се во безгрижна летна љубовна авантура.

18-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-letovo-03.jpg

15. Волонтирајте во некоја локална организација или помогнете некому кому му е потребно.

16. Посетете места во вашата земја кои досега не сте ги посетиле.

17. Изгледајте цели сезони од новите серии.

18. Смејте се секој ден и бидете благодарни за сé што имате.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава