Знаеш дека и Хитлер бил вегетаријанец? - 10 прашања што секој веган ги мрази од дното на душата

„Чекај, ти си вегетаријанец? Не, веган си? А има некоја разлика?“ Oва веројатно е првата реакција којашто ја добиваат луѓето кои се исхрануваат вегански.

10-prasanja-sto-sekoj-vegan-gi-mrazi-od-dnoto-na-dusata-01.png

Веганите во принцип може да ги дефинираме како строги вегетаријанци кои ги исфрлаат сите производи од животински потекло, дури и медот. За разлика од вегетаријанците кои најчесто консумираат млеко, млечни производи и јајца, веганите ги имаат чкртнато овие намирници од нивната листа за пазарување и јадење.

Мора да признаеме дека е потребен исклучителен спартански дух за да бидеш вистински веган, бидејќи веганството не подразбира само специфичен начин на исхрана, туку и осуда врз секој вид мачење на животните, па така веганите не носат облека од вистинска кожа, крзно, волна или свила, ниту пак користат производи тестирани врз животни.

За пофалба е нивната посветеност, но како и сите луѓе и тие добиваат некои чудни прашања поврзани со нивната исхрана. Слободно ги препишуваме истите на ненаситната човекова љубопитност, но овие 10 прашања особени ги нервираат сите вегани и понекогаш не можат да изнајдат соодветен одговор.

Или веќе се умориле од одговарање на едни исти прашања, од типот:

Ако не јадеш никакво месо, тогаш како внесуваш протеини?

Не те разбирам навистина, како е можно да си веган? И зошто?

Не можеш да јадеш нити пилешко месо?

Смеам да порачам месо додека сме заедно на ручек, да не се навредиш?

А што всушност јадеш?

Би била со партнер кој не е веган или вегетаријанец? Како ќе живеете заедно?

Зарем не си слушнала за синџир на исхрана, не знаеш дека поголемите животни ги уништуваат глувците, инсектите, итн?

Знаеш дека  Хитлер бил вегетаријанец?

Баш размислував да скратам малку од месото што го јадам, ќе ми помогнеш со некој совет?

Како живееш без сирење? Сè, сè да скратиш, ама сирењето? Не ти е мачно?

 Вегани, се согласувате ли и имате да додадете уште нешто?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...

Најчитани неделава