14 евтини трикови кои ќе ви го олеснат кампувањето

Кампување – преубава авантура за оние кои имаат доволно храброст да се соочат со предизвикот. Можеби ќе ја немате удобноста на хотелот, но затоа ќе имате прекрасен поглед кон ѕвезденото небо, мирисот на шумата или звукот на морските бранови.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-01.jpg

Оние кои се обожаватели на шаторите и кампувањето велат дека не би го менувале одморот за ништо друго на светот.

Па доколку се решите за едно поалтернативно летување, одлично ќе ви се најдат овие лесни и евтини трикови со кои ќе си го направите престојот во шатор попријатен:

Детски шарени „плочки“ во замена за под

Лесни за составување, пријатни за газење и ќе му дадат одличен изглед на вашето место за одмор.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-06.jpg

Голема светилка за во шаторот

Прицврстете мала батерија на огромна бела туба полна со вода и осветлете ја внатрешноста на шаторот со само еден извор на светлина.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-02.jpg

Чкорчиња во тегла

Внимaвајте да не ви се наводенат, па за таа цел заштитете ги во стаклена тегла која ќе ја обложите со хартија за брусење на капкот со чија помош брзо и лесно ќе ги запалите.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-12.jpg

Тоалетна хартија во кутија

Заштитете ја тоалетната хартија од бубачки и бактерии. Едноставно направете отвор на обична чиста кутија и додадете мала врвка за закачување.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-13.jpg

Зачини во Тик-Так кутии

Искористете ги малите кутивчиња од бонбони за различни зачини, за да не мора да носите цело пакување или огромна тегла.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-07.jpg

Свеќи на тенки стапчиња

Наместете високи свеќи на тенки стапчиња кои лесно се забодуваат во земја. Ќе ви дадат дополнителна романтична светлина, само внимавајте да не предизвикате пожар.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-14.jpg

Ливчиња од сапун

Наместо да го носите насекаде целиот сапун со вас, изрендајте тенки ливчиња од истиот за еднократна употреба.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-09.jpg

Ремен за закачување околу дрво

Употребете стар цврст ремен кој ќе го поставите околу дрво и мали куки за закачување на сите домаќински работи кои ќе ви бидат потребни за подготовка на храната.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-11.jpg

Јаглен за скара во картонска кутија

Наместо да носите цела вреќа наполнете една картонска кутија за јајца со парчиња јаглен. Лесно достапен и воедно ќе имате и хартија за потпалување, за секој случај.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-10.jpg

Жалфија во огнот против комарци

Комарците знаат да бидат вистинска дневна (и ноќна) мора за време на кампување. Додадете малку жалфија во огнот, миризбата ќе ги растера овие здодевни инсекти.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-04.jpg

Памучни дискови натопени во восок

Сигурно се прашувате во што е трикот. Едноставно – памучните дискови натопени во восок ќе го запалат огнот за неколку секунди. Имајте неколку при рака, доколку немате доволно хартија за потпалување.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-05.jpg

Замрзнати шишиња или туби со вода во фрижидерчето

Освен што ќе имате постојано ладна вода за пиење, тие истовремено ќе го ладат и остатокот од храната која ја чувате во преносното фрижидерче.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-08.jpg

Мини чешма од голема туба

Големата туба за вода може многу едноставно да ја претворите во чешма за миење раце со додавање на едноставен чеп за полесно истурање вода.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-03.jpg

Самолеплива лента околу шише со вода

Никогаш не знаете кога ќе ви затреба самолеплива лента, па обложете неколку слоеви околу шишето со вода, за да ви биде на дофат.

14-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-kampuvanjeto-15.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...

Најчитани неделава