Зошто сами себе сме си најголеми непријатели?

„Држи се блиску до пријателите, но поблиску до непријателите“, реченица која многумина ја применуваат во пракса.

zoshto-sami-sebe-sme-si-najgolemi-neprijateli-01.jpg

Но, колку и да мислиме обратно и да ја бараме вината во друг, сами себе сме си сепак најголеми непријатели. Свесно или несвесно, самите си поставуваме препреки кои често не успеваме да ги поминеме.

Зошто е тоа така?

Непријателот е негативен

Непријателот сака да му направи штета на другиот, да го навреди или да го посрамоти. Помислете на една работа што не ви се допаѓа кај себе. Не мислевте многу долго, нели?

Ако сте претерано самокритични и постојано користите негативен говор кон самите себе, значи дека непријателството што го чувствувате е наменето од вас за вас, а не од некој друг. Кога сте строги кон себе, користите негативни зборови за да опишете дел од вашиот карактер или одредена ситуација во која се наоѓате.

Кога не можете да ги облечете омилените фармерки, си велите „Каква крава сум станала“, или кога некој ве разубедува во некој ваш став, веднаш почнувате да се сомневате во себе и да си кажувате дека можеби сепак не сте во право.

Обидете се да се спријателите со себеси, да се сакате какви што се и да го елиминирате негативниот говор.

Непријателот ги искористува вашите слабости

Се препотувате пред важен состанок на работа, нервозни сте кога треба да ви дојдат гости, а после овие настани во главата ви поминуваат сите работи што сте ги кажале и си велите „не требаше тоа да го кажам, колку сум глупав/а“.

Ако ова ви делува познато, значи дека вашиот најголем непријател е во огледалото спроти вас. Ве гледа и смислува уште начини да докаже дека не вредите. Тој постојано смислува начини да ве саботира и да ги искористи сите ваши слабости против вас.

Следниот пат кога ќе ви дојдат вакви негативни мисли, погледнете се и ветете си дека нема да дозволите сами себе да се спуштате на пониско ниво.

Само со љубов кон самите себе можете да го победите непријателот.

Непријателот не простува

Постојано ви поминуваат во глава непријатни моменти или моменти кога сте направиле некоја грешка, сте испиле малку повеќе или сте го изневериле партнерот. Во ред е да ги анализирате вашите постапки, но не претерувајте во тоа.

Сите сме луѓе и сите грешиме, некои почесто, некои поретко. Прифатете ги грешките и научете од нив. Не дозволувајте да станете жртва на сопствениот ум. Простете им на другите, но простете си и себеси.

И запомнете, само со љубов кон самите себе можете да го победите непријателот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...

Најчитани неделава