Првиот билет за Дизниленд чинел 1 долар: Интересни факти за најсреќното место на светот

Посетата на забавниот парк Дизниленд е нешто што сите треба да го направат во текот на животот, без разлика на возраста.

prvata-karta-za-diznilend-chinela-1-dolar-interesni-fakti-za-najsrekjnoto-mesto-na-svetot-01.jpg

Најсреќното место на светот е полно со магија и возбуда, па ова искуство е едно од најнезаборавните во животот.

Сите знаеме дека творецот на Дизниленд е легендарниот Волт Дизни, но следниве интересни факти за најпознатиот забавен парк сигурно не сте ги знаеле:

1. Дизниленд за прв пат е отворен во 1955 година во Калифорнија и се состоел од 18 атракции. Денес, покрај тој во Калифорнија, Дизниленд има во Кина, Јапонија, Франција и Хаваи.

2. Билетите за Дизниленд чинеле 1 долар. Сега, цената е околу 99 долари. Денес, цените достигнуваат и до 300 долари за повеќедневна посета на целото семејство.

3. Најпопуларниот сувенир се ушите на Мики Маус. Од почетокот до денес, продадени се повеќе од 84 милиони Мики Маус уши.

prvata-karta-za-diznilend-chinela-1-dolar-interesni-fakti-za-najsrekjnoto-mesto-na-svetot-04.jpg

4. До 2000-та година, вработените во Дизниленд не смееле да носат мустаќи.

5. Најскапиот сувенир во Дизниленд е кристална мини копија на дворецот на Пепелашка изработена со 28.000 Сваровски кристали која чини 37.500 долари.  

prvata-karta-za-diznilend-chinela-1-dolar-interesni-fakti-za-najsrekjnoto-mesto-na-svetot-05.jpg

6. Најпопуларното место за веридби е дворецот на Трнорушка, а најбарана тема за свадби во Дизниленд е приказната за Пепелашка.

7. Во Дизниленд постои ексклузивен клуб „Club 33“ и тоа е единственото место каде се служи алкохол. Годишната членарина изнесува 10.000 долари.

8. Волт Дизни првично сакал да го отвори Дизниленд во близина на Бурбанк за во него за да се забавуваат дел до неговото семејство и неговите вработени, но не му биле одобрено.

prvata-karta-za-diznilend-chinela-1-dolar-interesni-fakti-za-najsrekjnoto-mesto-na-svetot-02.jpg

9. Во Дизниленд намерно не се продаваат гуми за џвакање и кикирики со лушпа за да не се прави ѓубре од посетителите.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...

Најчитани неделава