Неверојатни работи што ги искусува секоја девојка додека расте

Сигурно стопати досега сте чуле како на децата им велат „Не растете, тоа е замка“.

neverojatni raboti shto gi iskusuva sekoja devojka dodeka raste 01

Сепак, животното патување и трансформирање од дете во девојка, па жена знае да биде прекрасно.

Еве 5 неверојатни работи што секоја девојка ги искусува во тој процес:

Сфаќате дека вредите и што ви е важно во животот

Вистина е дека не сфаќате што е навистина важно сѐ додека не сте доволно стари за да си го одговорите ова прашање.

Разбирањето што е важно за вас лично ќе ви помогне да го обликувате остатокот од вашиот живот околу тоа.

Децата ќе започнат да ви изгледаат слатко

Хорор, вистински хорор! Бебиња што врескаат и мали деца што трчаат и прават хаос.

Сѐ уште не знаете што да им кажете, но некако започнуваат да ви изгледаат слатки, зарем не?

Станувате независни

Растењето се сведува и на станување независен и застанување на своите две нозе.

Го правите првиот чекор во вистинскиот свет и сфаќате колку е задоволувачки да постигнете нешто самите. Знаете дека тоа бил само ваш труд и без надворешна помош сте стигнале до успехот.

Ќе започнете да ја носите истата модна комбинација повеќе од еднаш

Повеќе не ја фотографирате секоја секунда од вашиот живот, но дури и на повеќе настани да сте со ист стајлинг и фотографиите да излезат на социјалните мрежи воопшто не сте загрижени за тоа.

Потрошивте пари на тие парчиња, зошто да не ги носите повеќе од еднаш?

Имате перспектива за светот околу вас

Да се има перспектива значи да се гледа светот на одреден начин и да имате личен став кон животот. Станува збор за тоа како ги перципирате работите генерално.

Никогаш двајца луѓе нема да имаат сосема иста перспектива за животот, што креира голема разновидност и убавина.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава