Во лимоните има најмногу витамин Ц: Митови во кои веруваме заради рекламите

Рекламите понекогаш имаат голема манипулирачка моќ, бидејќи можат да нѐ натераат да веруваме во сѐ што ќе прикажат – секако, ако тоа е добро смислено и спакувано.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-01.jpg

Нивната цел е да ја направат реалноста таква каква што ним им одговара и понекогаш да ја прикријат вистината.

Со тоа го постигнуваат посакуваниот резултат – потенцијалниот купувач да си помисли дека мора да го купи производот.

Но, сте помислиле ли дека не е сѐ како што ни го прикажуваат?

Прочитајте ги овие митови и дознајте која е вистината зад нив:

Цитрусно овошје – најдобриот извор на витамин Ц

Вистина: Во свежите шипки има околу 650mg/100g, во црвениот пипер – 250mg/100g, па дури и рибизлата има повеќе витамин Ц од цитрусните овошја – 200mg/100g.

Како настанал митот: Во 1908-ма, индустријата на портокалите била во загуба, а производителите немале време да продаваат големи количини овошје. Алберт Ласкер дошол до идеа и направил кампања во која предложува да се прават сокови од портокал за појадок, како извор на витамин Ц.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-02.jpg

Разгледниците и картичките се даваат само со подарок

Вистина: Подарокот воопшто не е неопходен.

Како настанал митот: До почетокот на 20-ти век, разгледниците се испраќале само по пошта, а благодарение на реклама на Hallmark, тие сега се даваат лично како додаток на подарокот. Во рекламата се укажува на фактот дека е убаво ако напишете зборови од срце кои човекот ќе ги помни долго.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-03.jpg

Пастата треба да се нанесе на цела четка

Вистина: Само малку паста е сосема доволно.

Како настанал митот: Целта на сите реклами е да се зголеми продажбата, па така е и во овој случај. Во секоја реклама за паста за заби се нанесува голема долга лента на четката, за да го практикувате и вие тоа и побрзо да ви се троши.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-04.jpg

Постои растително масло со лош холестерол

Вистина: Ниту едно растително масло не содржи холестерол.

Како настанал митот: Уште еден маркетиншки трик за зголемување продажба. Натписот „Не содржи...“ ги привлекува купувачите да го купат уверувајќи се дека купуваат производ со посебен квалитет.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-05.jpg

Јајца и сланина – идеален појадок

Вистина: Не постои истражување за влијанието на сланината во појадокот врз телото.

Како настанал митот: Во 1920-ите, познат ПР менаџер добил задача да ја зголеми потрошувачката во САД. Тој направил истражување каде било потврдено дека побогатиот појадок е подобар од послабиот. Па, ако појадокот треба да е задоволувачки, тогаш нека има повеќе сланина – според логиката на купувачите.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-07.jpg

Постојат аналгетици за намалување болка кај жените

Вистина: Постојат комплексни лекови кои истовремено содржат аналгетско и антиинфламаторно својство.

Како настанал митот: Болките за време на менструален циклус кај жените се многу чести, а производителите на лекови не ја пропуштаат шансата да заработат на тоа. Обичните лекови како аналгетици и парацетамол се евтини и достапни, но попрофитабилно е да се продаваат истите состојки, но во различно пакување на кое пишува „подобрена формула за менструални болки“.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-08.jpg

Гумени бонбони – слатки за деца

Вистина: Содржината на гумените бонбони се состои од шеќер, скроб, прехрамбени бои, но не и овошје. Друга измама е тоа што некои од зелените гумени бонбони немаат вкус на јаболко, туку на јагода.

Како настанал митот: Со детскиот изглед и форми на самите бонбони, се создава слика дека тие се за деца, а всушност не се толку здрави и треба да се избегнуваат, а посебно за децата.

vo-limonite-ima-najmnogu-vitamin-c-mitovi-vo-koi-veruvame-zaradi-reklamite-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава