9 секојдневни навики кои ви ја нарушуваат самодовербата

Вербата во себе е една од најзначајните работи за сите луѓе. Без разлика дали родителите ве научиле на оваа особина, или самите сте се потрудиле и сè уште се трудите, самодовербата е нешто на кое цел живот треба да работите.

9-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-narushuvaat-samodoverbata-01.jpg

Сè почнува од тоа како самите се гледаме себеси, па лошото мислење за себе може да ни донесе многу проблеми во животот.

Во денешно време, многу е лесно да се наруши самодовербата, а честопати ни сами не сме свесни дека некоја наша навика влијае на тоа да се чувствуваме лошо во врска со себеси.

Прочитајте кои работи ја нарушуваат самодовербата и треба да престанете да ги правите веднаш:

1. Бескрајно „скролање“ низ Инстаграм или другите социјални мрежи и споредување со животот на другите.

2. Осудување на нечии постапки или животни избори само затоа што не се слични на нашите

3. Озборување на колегите/познаниците/роднините зад грб.

4. Вложување огромен труд да направиме совршена фотка за нашите профили на социјалните мрежи која ќе им се допадне на другите.

5. Посветено поголемо внимание на луѓе кои не ги познавате, отколку на оние кои ви се најблиски.

6. Секојдневни обиди сите да ве сакаат и на сите да им се допаѓате.

9-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-narushuvaat-samodoverbata-002.jpg

7. Гледање во телефонот веднаш штом се разбудите и навечер пред да заспиете.

8. Споредување и нереално идеализирање на животот на познатите личности или луѓе кои не ги познавате, а ги сметате за идоли.

9. Размислување премногу за ситници и планирање на сите моменти до најситен детаљ.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
Фото-компилација: Како изгледаат секојдневните предмети во други држави? Во Холандија има разградливи чаши за кафе, а во јавниот превоз во Австралија има...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...

Најчитани неделава