Сурови вистини со кои порано или подоцна ќе мора да се помирите

Животот би ни бил многу полесен, кога секој би ги прифатил сопствените, но и ограничувањата на целокупниот човечки род. Меѓутоа, се чини дека во природата на човекот е постојано да трага по совршенство, а везден да мечтае и фантазира за најдобрите можни исходи.

porano-ili-podocna-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-01.jpg

Не треба да се ниту биде вечен и заколнат песимист, но прифаќањето на реалноста и одредени тешки вистини, сепак, може долгорочно да ве ослободи од чувството на перманентна фрустрација, која на мноштво луѓе целосно им го загорчува животот.

Порано или подоцна, петте сурови вистини со кои ќе мора да се соочите, доколку сакате да бидете искрено среќни, се:

1. Ништо не е вечно. Сѐ се менува

Важно е да уживате во убавите моменти од својот живот додека сѐ уште можете. Не губете си го времето со каење и тажење за минатите времиња, туку посветете ѝ се само на вашата моментална среќа – овде и сега.

А, лошите работи кои секому од нас се случуваат, за жал - неизбежни се - ама и тие ќе поминат (барем во мнозинството случаи).

porano-ili-podocna-5-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-2.jpg

2. Вашата врска со саканата личност нема никогаш да биде совршена

Совршеното е непријател на доброто“ – вели познатата изрека. Па, не анализирајте го вашиот однос со партнерот до најситниот детаљ. Зошто би го правеле тоа?

Големи се шансите дека „мааните“ кои само вие ги забележувате и ви бодат очи во врската, во суштина се една обична илузија што ве заслепува, спречувајќи ве да уживате во она што го имате заедно.

porano-ili-podocna-5-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-3.jpg

3. Поплакувањето е едно големо губење време

Живееме во време кога „офкањата“ и „лелеците“ се практично издигнати на пиедестал. Некогаш, на луѓето им било срам да се жалат на другите, дури и кога имале многу пооправдани причини за фрустрација од денешните генерации.

Оставете ги ваквите активности! Разбирливо е дека може краткорочно да ви се поправи расположението, доколу со некого го споделите својот проблем (или „проблем“), но подобро би било да го потрошите истото време за пронаоѓање на неговото решение, зар не?

porano-ili-podocna-5-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-4.jpg

4. Мали се шансите дека ќе станете богати и славни

Животот во кој сме опкружени од семејството, партнерот и пријателите што нè сакаат и почитуваат, не е нужно полош од оној кој го имаат богатите и славните личности. На крајот на краиштата, не сме сите предодредени да бидеме „посебни“, ниту пак доволно среќни да се родиме во богато семејство.

Бидете задоволни со она што го имате. Тоа не значи дека треба да бидете аскети, но не е на одмет ниту да бидете реални во своите очекувања.

porano-ili-podocna-5-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-5.jpg

5. Не постои едноставен рецепт за среќа што ќе ги реши сите ваши проблеми

Дури и кога би ги решиле сите сегашни проблеми, неизбежно е дека ќе се појават нови. Таква е судбината на сите луѓе во светот. Се разбира, тоа не е причина за очајување.

Малку по малку, секогаш може да го унапредувате вашиот живот, а најголема сатисфакција ќе почувствувате кога истото ќе го направите и за другите околу себе.

porano-ili-podocna-5-surovi-vistini-so-koi-mora-da-se-pomirite-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава