Шшшш... 8 ситуации во кои едноставно треба да замолчите

Старите рекле дека молчењето е злато, а многу ретко ја сфаќаме поентата на оваа едноставна изрека. Колку пати сте се нашле во тесно, само затоа што јазикот ви бил побрз од умот?

8-situacii-vo-koi-treba-da-zamolcite-01.jpg

Во некои ситуации навистина треба да си го заврземе јазикот во уста и едноставно да замолчиме. Кога навистина треба да престанеме да произведуваме звуци со нашите гласни жици?

Ова се само неколку од ситуациите во кои треба да одмориме од зборување:

Кога ги немате сите факти

Да се зборува на која било тема за која не знаете многу или ги немате сите точни факти поврзани со неа е прилично смешно.

Кога знаете дека нешто не знаете, најдобро е да молчите. И да (на)учите.

Кога имате претчувство дека зборовите ќе го повредат соговорникот

Ова најчесто се случува за време на некоја жестока караница. Знаете дека не можете да се контролирате, знаете дека следното нешто кое ќе излезе од вашата уста ќе го повреди соговорникот. И сепак, ги кажувате зборовите на глас.

Во вакви ситуации најдобро е да се замине од просторијата и да се разговара подоцна, со смирени глави.

Кога сте последниот кој треба да зборува

На некои места и настани вие сте последниот кој треба да мудрува. Одолејте му на искушението да дадете ваше мислење, здравица, совет. Само потсетете се на познатата песна на Депеш Мод – Уживај во тишината.

Кога немате што да кажете

Колку и да е тишината непријатна или заглушувачка, дури и тоа е подобро отколку тривијални муабети во врска со времето надвор. Понекогаш едноставно нема што да се додаде, па зошто да го форсирате разговорот само по цена „да се врти муабет“?

Кога некој ве предизвикува

Никој не е имун кога слуша погрдни зборови или лоши навреди на своја сметка. Еден од советите е жестоко да возвратите на вербалните удари, но сепак размислете каква е таа личност со која влегувате во расправии, чија цел е само да ве предизвикува.

Не е вредна. Тоа е одговорот кој треба да си го дадете себеси, а ниту еден на личноста која ве предизвикува.

Кога со вас владеат негативните емоции

Негативните емоции имаат тенденција да го заматат нашето расудување, и реално никакви паметни зборови не може да излезат од вашата уста кога сте бесни, гневни или тажни. Па затоа најдобро е да е молчи додека негативноста сосема не испари од вас.

Кога може да правите нешто многу попродуктивно

Освен ако не заработувате многу пари со помош на константно зборување, сте помислиле ли колку работи може да направите наместо сето тоа празно блебетање? Фрлете се во акција, помалку зборување, повеќе работа.

Кога некој намерно ве тера да дадете мислење за некого

Ова е прилично лоша стапица, особено кога се работи за некој кој ви е близок, како партнерот, домашните, пријателите или колегите.

Поради блискоста којашто ја чувствувате може да се опуштите и да кажете одредени работи кои ќе ги повредат. Едно е да самоиницијативно да сакате да дадете мислење за некого, а сосема друго некој да ве тера да го направите тоа сосила.

Не паѓајте во оваа замка.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg