5 тајни кои магионичарите никогаш нема да ви ги откријат

Обично дечињата веруваат во чуда и магии. Но, кога пред вас ќе се појави човек кој минува низ друго човечко тело или човек кој голта игли, мали се шансите да не се посомневате дека магијата сепак постои.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-01.jpg

За жал, ве разочаруваме. Сè е до добро смислените трикови и илузии.

Еве неколку кои магионичарите ги користат, но никогаш гласно нема да ги признаат:

1. Еден човек поминува низ друго човечко тело

Магичниот трик изгледа вака: Има рамка и човек кој стои вертикално во средина. Во средниот дел има мала завеса. Друг човек поминува „низ телото“, хоризонтално.

Тајната е: Рамката е права, меѓутоа човекот кој стои вертикално има простор да го помрдне торзото.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-02.jpg

2. Риба во вода

Магичниот трик изгледа вака: Магионичарот покажува празно шише со вода. Го покрива со марамче, кажува неколку магични зборови, и кога марамчето ќе го тргне – има риба во шишето.

Тајната е: Едноставно, има капаче на кое стои рибата. Капачето го трга заедно со марамчето и рибата паѓа во шишето.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-03.jpg

3. Магично столче

Магичниот трик изгледа вака: Илузионистот седнува на столче. Асистентот го трга столчето, додека илузионистот продолжува да седи како ништо да не се случило.

Тајната е: Постојат посебни дизајни кои илузионистите ги имаат на нозете и на кои можат да се потпрат како на стабилно столче.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-04.jpg

4. Фаќање куршуми со уста

Магичниот трик изгледа вака: Во илузионистот се пука со пиштол, но не му е ништо, бидејќи е доволно вешт и брз да го фати куршумот со уста.

Тајната е: Куршумите кои се испукуваат се направени од восок. Во моментот кога се пука, тие се топат. Во исто време, магионичарот од уста вади вистински куршум, скриен под јазикот.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-05.jpg

5. Човек натакнат на остра шипка

Магичниот трик изгледа вака: Илузионистот лежи натакнат на остра шипка и публиката мисли дека е забоден во средината на телото.

Тајната е: Шипката се дели на два дела и на долниот има механизам кој го држи телото да може да „левитира“. Вториот дел е закачен со механизам за стомакот на човекот.

5-tjani-koi-magionicarite-nikogas-nema-da-vi-gi-otkrijat-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава