Совети од психолог: Како да бидете продуктивни кога сте во депресија?

Кога се чувствувате тажно или депресивно, тешко е да останете сконцентрирани. Мислите постојано ви летаат и не можете успешно да ги завршувате работните и домашните обврски.

soveti-od-psiholog-kako-da-bidete-produktivni-koga-ste-vo-depresija-01.jpg

Ова знае да предизвика многу проблеми во секојдневието, особено на работното место.

Прочитајте ги и запомнете ги следниве совети од познат психолог кои се однесуваат на тоа како да бидете продуктивни кога сте во депресија:

Излезете надвор

Депресијата е состојба која ни го лаже умот дека не сме доволно добри, нема да успееме, нема никогаш да најдеме среќа и слично. Поради тоа, многумина се затвораат дома во своето прибежиште и не сакаат да излегуваат. Психолозите советуваат дека треба да го направите токму спротивното.

Спротивставете се на овие мисли што ве влечат надолу и излезете надвор, колку и са ви е тешко. Прошетајте или отидете до некоја продавница. Додека сте на работа, искористете ја паузата надвор од канцеларија. Воздухот ќе ви годи и ќе можете полесно да се сконцентрирате на задачите.

Преземете одговорност

Ова знае да биде тешко, но е многу важно. Пронајдете мотивација преку разговор со психолог или некоја блиска личност. Работите не се толку црни колку што во моментот ви изгледаат. Преземете одговорност за состојбата во која се наоѓате и постапките кои ги правите и обидете се да најдете една мала работа во денот која ви носи позитивна енергија.

Така ќе го истренирате умот да гледа на позитивната страна и со тек на време продуктивноста ќе се зголемува.

soveti-od-psiholog-kako-da-bidete-produktivni-koga-ste-vo-depresija-02.jpg

Посветете си сами себе љубов и внимание

Во кризни и депресивни моменти од животот, грижата за себе е најважна. Обидете се пронајдете 3 позитивни карактеристики кои ве прават добра личност и потсетувајте се на тоа секој ден. Напишете си ги на ливче и закачете го на огледалото или било каде каде што ќе ве потсетува дека и ова ќе помине.

Сакајте се себеси и кога сте весели, а најмногу кога не сте. Само така ќе ги победите сите лоши мисли и ќе тргнете напред.

Не бидете строги кон себе

Важно е да преземете чекори за да ви биде подобро, но не си поставувајте превисоки очекувања и цели. Потребно ви е време за да ви се врати продуктивноста, па наместо да одите на работа и да не ги извршувате задачите што може да ве доведе во неволја, замолете го шефот да ви даде 2-3 слободни денови.

Прифатете ја ситуацијата и најдете соодветно решение.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
5 можни причини зошто домот ви е во хаос, а не се мрзеливост Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во д...

Најчитани неделава