Правила за воспитување во кралското семејство кои се пример за сите родители

Ако верувате во бајки и приказни, сигурно верувате дека децата на кралевите спијат на свилени перници, јадат од златно лажиче и го губат времето во текот на денот.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-01.jpg

Но, дали тоа е така и со најпознатите деца на кралското семејство, односно принцот Џорџ и принцезата Шарлот?

Децата на војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се воспитувани на начин кој навистина ќе ве изненади.

А, правилата за воспитување се толку нормални, што дури може да послужат како пример за сите останати.

Дознајте како тие ги воспитуваат децата:

Титулата не е причина за луксузен живот

Во семејството на Кејт и Вилијам има само една дадилка која им помага со децата.

Сите останати одговорности како хранење, бањање и шетање на децата им припаѓаат на родителите.

Принцот Вилијам исто така оди и на работа и тоа им е добро познато на децата.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-02.jpg

Почитување на туѓиот труд

Правнуците на кралицата Елизабета уште од најмала возраст знаат дека треба да ја почитуваат и ценат работата и трудот на другите луѓе, без разлика дали се работи за тоа дека мајка им зготвила ручек или за работата на помошничката.

Токму затоа, Џорџ и Шарлот знаат дека не треба да одбиваат храна, а исто така и знаат дека сами треба да си ги средат расфрланите работи.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-004.jpg

Семејството пред сѐ

4-годишниот принц Џорџ, веќе сам се грижи за неговата мала сестричка и според Кејт тие се најдобри пријатели.

Децата уште од најмала возраст ја знаат историјата за нивното семејство и често го посетуваат гробот на нивната баба, принцезата Дијана.

Тие поминуваат многу време заедно и принцот Џорџ често разговара со татко му за работите во светот, а принцезата Шарлот сака да готви со мама Кејт.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-03.jpg

Образованието е важно

Читањето книги е омилена слободна активност на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Мајката на Кејт често ги носи на изложби и во музеј, бидејќи децата многу го сакале тоа.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-04.jpg

Љубовта кон спортот е задолжителна

Кејт и Вилијам се познати фанови на спортот – војвотката сака хокеј на трева, а принцот игра фудбал, кошарка и поло.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот уште немаат некоја посебна привлечност кон спортот, но уште се мали и нивните родители веруваат дека ќе мора да ги следат нивните стапки.

pravila-za-vospituvanje-vo-kralskoto-semejstvo-koi-mozhe-da-im-bidat-primer-na-site-05.jpg

Уште 4 правила за воспитување на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви ...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...

Најчитани неделава