На кои 3 работи се заснова познатата кинеска карактеристика - трпение?

Многу често, кога се работи за постигнување некоја цел, луѓето во модерното општество немаат многу трпение.

na-koi-3-raboti-se-zasnova-poznatata-kineska-karakteristika-trpenie-01.jpg

Сите сакаат работите да се одвиваат брзо и немаат трпение да чекаат, да завршат нешто, или пак трпение во односот со колегите и пријателите, но и роднините.

Како може да се подигне нивото на трпение кај луѓето? Не е тајна дека Кинезите се познати по оваа квалитетна карактеристика, па добро би било да научиме нешто од нив.

На што се заснова трпението на Истокот?

Филозофија

Главниот принцип на кинеската филозофија е мирот и непреземањето акција. Тие веруваат дека настаните не треба да се избрзуваат и дека ако е судено, тие ќе се случат и без вашиот труд. Подобро е да почекате работите сами да се средат.

Оваа верба им помага на Кинезите да не го форсираат крајниот резултат и да се мачат размислувајќи однапред за работите.

na-koi-3-raboti-se-zasnova-poznatata-kineska-karakteristika-trpenie-02.jpg

Едукација на децата

Децата во модерна Кина сѐ уште се воспитуваат строго. Родителите ги воспитуваат децата на начин на кој тие понатаму ќе успеат во животот.

Тие не ги поминуваат ноќите во домот на пријателите, не канат деца ад си играат, да гледаат телевизија или да играат компјутерски игри. Тие дури и не смеат да учат да свират на одредени музички инструменти.

Поради константните рестрикции децата се научени на трпение и почит. Ова понатаму им помага да се натпреваруваат правилно и да успеат.

na-koi-3-raboti-se-zasnova-poznatata-kineska-karakteristika-trpenie-03.jpg

Хиероглифи

Дури и знакот кој значи трпение е специјален во Кина. Се состои од 2 дела: „нож“ и „срце“.

Значењето е следново: кога ножот ненадејно ќе го прободе срцето и ќе остане непоколеблив во исто време, тоа се нарекува трпение.

Со други зборови, во Кина, трпелкивата личност е онаа која нема да дозволи својот бес да преовладува во умот.

na-koi-3-raboti-se-zasnova-poznatata-kineska-karakteristika-trpenie-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава