10 правила на жените кои си го сакаат животот

Заразна насмевка и очи кои светат од среќа дефинитивно се едни од најдобрите, најскапите и најмодерните аксесоари кои една жена може да ги поседува.

10-pravila-na-zenite-koi-si-go-sakaat-zivotot-01.jpg

Што е тоа што одредени жени ги тера да се среќни секогаш, секаде и на секоја возраст?

Се работи за нивните 10 златни правила. Благодарение на нив, го обожаваат животот кој го живеат токму таков каков што е.

1. Живеат по свој, сопствен ритам

Живеат тука и сега, во овој момент. Сфаќаат дека секој период од животот е единствен. Кога се на работа не брзаат да дојде време за викенд или одмор, кога се на породилно не брзаат да се вратат на работа и така во круг.

2. Си го сакаат телото

Среќните жени го ценат секој сантиметар кожа (или салце) кое го гледаат во огледалото. Лузната на коленото си доаѓа со приказна, исто како и модринката направена минатата недела. Брчките се нивен трофеј, а не нешто што се крие. Сфаќаат дека телото ја штити душата и вреди да биде сакано.

3. Не драматизираат

Тие преферираат да бидат константно среќни, наместо константно драматични и еуфорични. Не дозволуваат расположението да им зависи од темните облаци или гужвата од автомобили.

4. Не се обидуваат да живеат по туѓи стандарди

За да бидеш добра жена треба да имаш дебела кожа, тврдат среќните жени. Тоа значи никако да не си го изгубиш својот карактер во мноштвото очекувања од тебе. Желбата да ги задоволиш сите е апсурдна и невозможна.

5. Во хармонија се со своите желби

Некои жени не ги почитуваат сопствени желби и затоа се несреќни. Нема да бидете посреќни ако го игнорирате внатрешниот глас или повикот на срцето, напротив. Дозволете да бидете слаби, скршнувајте од патот и не заборавајте да живеете во вистинска смисла на зборот.

10-pravila-na-zenite-koi-si-go-sakaat-zivotot-02.jpg

6. Си ги сакаат и почитуваат годините

Тие немаат одредено што на колку години може да завршат или направат. Доколку сакаат и можат да го родат првото дете на 37 години, ќе го направат тоа. Доколку сакаат да научат нов јазик на 55, ќе се запишат на курс.

7. Се ставаат себеси на прво место

Невозможно е да направите некој друг среќен, доколку вие самите не сте среќни. Невозможно е да уживате во туѓо друштво, доколку не уживате во сопственото. Едноставно, ти си на прво место и никој друг.

8. Не само помагаат, туку и прифаќаат помош

Прекрасно е чувството кога ќе помогнете некому, но среќните жени сфаќаат дека и на нив некогаш им треба поддршка и помош. Па, наместо да одбијат со изговор „можам“, понудената помош ја прифаќаат со насмевка.

9. Не се плашат да бидат само со себе

Тие се свесни дека самотијата не значи осаменост. Секоја минута со себе и своите мисли ја користат максимално.

10. Го сакаат фактот што се жени

Да можат да бираат, никогаш не би одбрале да бидат мажи. Без никаква навреда, но среќни се со она што го можат и умеат како жени.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава