Мора да имаат 2 деца и да ја следат кралицата: Строги правила во кралското семејство

Одлично е кога семејството има посебни навики и традиции кои сите членови ги почитуваат.

mora-da-imaat-2-deca-i-da-ja-sledat-kralicata-strogi-pravila-vo-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Но, кралското семејство, секогаш е на врвот на листата по бројот на правила по кој мора да го живеат животот уште од најмала возраст, па сѐ до крајот на животот.

Тие имаат правила за стапување во брак, за воспитување, посебни традиции кога станува збор за децатата, но и општи правила за однесување и начин на живот.

За ова семејство секогаш дознаваме нешто ново, па погледнете некои правила кои можеби досега не сте знаеле дека тие ги следат:

Најмалку 2 деца

Традиционално, членовите на кралското семејство имаат најмалку 2 деца. Оваа традиција трае повеќе од 60 години, но никој не може да му забрани на парот да има 3-то или 4-то дете.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-02.jpg

Правилен став

Жените од кралското семејство не смеат да седат како што сакаат. Правилно се седи со споени колена. Исто така, зглобовите може да се прекрстат и колената да се свиткаат малку на страна.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-03.jpg

Посебен ред

Кралското семејство оди наоколу по одреден ред. Па така, сопругот на кралицата Елизабела II, не може да оди покрај неа, туку секогаш е малку позади неа.

Исто така, постои посебен ритуал и за седењето – прво седнува кралицата со војводата од Единбург, Филип, потоа принцот Чарлс и неговата сопруга, а по нив принцот Вилијам и војвотката Кејт.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-04.jpg

Сите ја следат кралицата

На големи приеми, сите се водат по однесувањето и постапките на кралицата, посебно кога таа јаде, бидејќи кога ќе заврши, сите мора да завршат во исто време со неа, што сигурно досега веќе го знаевте.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-05.jpg

Пиење чај

Сите знаеме дека во Велика Британија сите се опседнати со пиење чај и тоа е традиција која ја следат сите. Но, кога се работи за кралското семејство, постои и правило за држење на шолјата со чај.

Држачот на шолјата треба да се држи со врвот на палецот и останатите прсти, но прстите не треба да влезат во празнината.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-06.jpg

Облека за деца

Друго веќе познато правило е следново – долги панталони носат само возрасните, а децата носат само шорцеви. Овој дрес код се почитува барем до 8-мата година, а причината сме ја дискутирале претходно.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-07.jpg

Лактација

Сите деца на кралското семејство треба да се дојат од нивната мајка, но ова правило го прекршила кралицата Викторија, која сметала дека доењето ги прави жените глупави.

Роденден на кралицата

На прославата по повод роденденот на кралицата, буквално сите членови на семејството треба да бидат присутни. Не е важно дали некој се породил или испланирал да оди на одмор или патување, исклучоците се речиси невозможни и сите треба да дојдат на настанот.

pravila-koi-site-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-mora-da-gi-pochituvaat-08.jpg

Лојални дадилки

Пред да се најми некоја жена како дадилка за кралските деца, семејството ја испраќа на посебни обуки и курсеви, но не за да ги подобри нејзините вештини за чување дете, туку за да ја научат на сите безбедносни мерки, па дури и на некои боречки вештини.

Одбивање пелени

Можеби е чудно, но кралското семејство не користи пелени за децата, туку користи ткаенина наместо пелена. Иако има исклучоци како на пример принцот Вилијам за кој се користеле пелени еднократна употреба.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава