Зошто принцот Џорџ секогаш носи шорцеви?

Кога принцот Џорџ ќе се појави некаде, фотките од настанот веднаш се прошируваат низ целиот свет, па токму затоа важи за најпознатото 3-годишно дете.

zosto-princot-george-sekogas-nosi-sorcevi-1.jpg

Сосема нормално, со интересот за неговото семејство, доаѓаат прашањата поврзани и за него. Како на пример, зошто секогаш носи шорцеви?  Па дури и во студената Канада, на турнејата која ја завршија пред само неколку дена.

Причината конечно е откриена, а се работи за традиција на високата класа, аристократијата, која гласи дека кралските мали момчиња мора да бидат постојано во шорцеви.

zosto-princot-george-sekogas-nosi-sorcevi-2.jpg

„Панталоните се за поголеми момчиња и мажи, а шорцевите се знак дека детето е припадник на високата класа од Англија. И ниту еден аристократ кој има голема самопочит не смее да се противи на тоа. Дури и принцот,“ објаснува еден експерт за примерно однесување.

zosto-princot-george-sekogas-nosi-sorcevi-3.jpg

Ако ги погледнете старите фотки од принцот Вилијам и Хари, ќе сфатите дека оваа традиција е присутна со години, односно векови, па дури и кога нивните татко и мајка се по долги ракави и панталони, малите деца се смета дека не се доволно пораснати за да ги заменат шорцевите.

zosto-princot-george-sekogas-nosi-sorcevi-4.jpg

Кралските деца носат шорцеви до околу 8-та година.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...

Најчитани неделава