10 навики од кои може да го „прочитате“ карактерот на човекот

Повеќето од нас имаат усвоено навики кои несвесно ги практикуваат и се веќе станати дел од нашата личност.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-01.jpg

Ако го знаете нивното значење, многу лесно ќе може да протолкувате и прочитате нечиј карактер.

Вреди да запаметите дека:

Гризење на ноктите - открива дека се работи за перфекционист кој има високи очекувања. Сака да командува и неопходна му е релаксација, која инаку не знае како да си ја дозволи.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-02.jpg

Стискање на мозолчињата - лоша навика која открива луѓе кои очајно сакаат да бидат поотворени кон светот. Сметаат дека нивната кожа (изгледот) е бариерата заради која се затворени, па со нејзино притискање се обидуваат да се ослободат.

Вртење на косата околу прст - најчесто ова е одлика на луѓето кои се сомневаат во себе. Константно анализираат ситуации од минатото и се обидуваат да смислат подобри одговори и постапки, иако е веќе доцна.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-03.jpg

Трупање на валкани садови - навика која открива лица кои сакаат да ги оставаат задачите и обврските до 5 до 12. Често знаат да  пропуштат клучни детали во големите планови заради нивната мрзеливост.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-04.jpg

Гласно смеење - луѓето кои се смеат гласно на јавни места сметаат дека не го добиваат потребното внимание. Со лажна насмевка исто така ги покриваат и сомнежите во себе.

Пукање на прстите - уште една негативна навика која открива желба лицето да се заштити од околината. Овие луѓе имаат ниска самодоверба.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-05.jpg

Растурен кревет - зачудувачки, но нема врска со навиките за организација. Оваа навика зависи од тоа колку луѓето се ценат. Доколку сметаат дека имаат многу поважни обврски кои чекаат на нив, тогаш едноставно не ја гледаат целта на ситниците како местење на креветот.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-06.jpg

Прејадување - прејадувањето најчесто се поврзува со недостатокот на љубов и грижа од другите. Емотивната празнина обично се пополнува на овој начин.

Користење на зборови за пауза - зборчињата и фразите кои луѓето ги користат за да пополнат простор и време најчесто се карактеристични за креативците и високо активните лица. Во тие моменти си даваат време за да размислат пред да продолжат со активностите.

Гребење на етикетата од шишето - уште еден знак дека лицето кое ја има навиката е во потрага по совршен живот и моменталната ситуација не му е најсјајна. Потсвесно, се обидува да промени нешто или да најде подобар баланс.

10-naviki-od-koi-moze-da-go-procitate-karakterot-na-covekot-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава