6-годишен модел од Русија е најубавото девојче на светот со 500.000 следбеници на Инстаграм

Откако порасна Тилан Блондо, девојчето кое на 6 години беше проглесено за најубаво девојче на светот, сите беа во потрага по некој кој ќе го замени нејзиното место.

6-godishen-model-od-rusija-e-novoto-najubavo-devojche-na-svetot-so-500000-sledbenici-na-instagram-001.jpg

Анастасиа Књазаева е 6-годишно девојче од Русија која веќе има голем број на фанови кои се восхитуваат на нејзиниот изглед кој се споредува со кукла.

Таа е успешен детски модел кој веќе има учествувано во неколку кампањи за руски брендови и сега е именувана за најубавото девојче на светот, следејќи ги стапките на Блондо.

Анастасиа го зазема местото на Тилан, која сега има 16 години, а на нејзина 6-годишна возраст беше именувана за најубаво девојче на светот и стана најмладиот модел за францускиот Vogue.

6-godishen-model-od-rusija-e-novoto-najubavo-devojche-na-svetot-koe-kje-ja-zameni-thylane-blondeau-01.jpg

Руската кукла има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм профилот кој го води нејзината мајка Ана, која редовоно објавува фотографии од фотосесиите на 6-годишната ќерка, како и фотки зад сцената.

Погледнете како изгледа 6-годишната Анастасиа Књазаева и проценете дали ја заслужува „титулата“:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава