Што открива за вас последната бројка од годината на раѓање?

Годината на раѓање игра особено важна улога во нашите животи. Но, сепак најважна е последната бројка од годината на вашето доаѓање на светот.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje-01.jpg

Секој број има свој елемент, како што се воздух, оган, земја, дрво и вода. Овие елементи можат многу да откријат за карактерот на личноста, нашите навики и многу други интересни работи.

Проверете кој е вашиот елемент. На пример, ако сте родени 1987 година, вашиот број е 7, а елементот е оган.

Елемент бр. 1: Метал (0-1)

Оние коишто се родени под знакот на метал имаат силен карактер и упорност. Овие луѓе се слободни, нерезервирани и спремни се честопати да реагираат самоиницијативно. Тие бараат стабилност и љубов во животот.

Покрај ова, луѓето во знакот на метал знаат точно што сакаат и ќе направат сè што треба за да и исполнат нивните цели и амбиции. Во меѓувреме нивните негативни особини се желбата за моќ, луксуз и потребата за многу пари.

Тие се решителни и не толерираат грешки.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje (2).jpg

Елемент бр. 2: Вода (2-3)

Луѓето родени под знакот на водата поседуваат квалитети како што се сожалување, допадливост и сочувство кон луѓето.

Тие имаат одлична имагинација и многу се снаодливи, а тоа им овозможува напредок во кариерите поврзани со уметност. Овие луѓе имаат екстремно развиен инстинкт и се многу ориентирани кон детали.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje (5).jpg

Елемент бр. 3: Дрво (4-5)

Родените под знакот на дрво се самоуверени и работливи. Тие тежнеат кон оригиналност, бараат нови искуства и сонуваат да откријат светот околу нив со сите свои бизарни места и загатки. Никогаш не реагираат себично или егоистички.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje (1).jpg

Елемент бр. 4: Оган (6-7)

Луѓето под знакот на оганот се вистински авантуристи. Сонуваат да патуваат околу светот. Честопати знаат пребрзо да изреагираат на работите.

Оние во знакот на оган се допадливи и природни со другите и знаат како да ги привлечат луѓето.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje (3).jpg

Елемент бр. 5: Земја (8-9)

Оние коишто се под знакот на земја се сигурни и спремни за работа. Тие внимателно ги разгледуваат сите околности и никогаш не прават работи коишто не се паметни.

Луѓето во знакот земја сакаат дисциплина и ред, па затоа секогаш живеат според нивен утврден план. Најголем страв им предизвикува непознатото.

Sto-otkriva-za-vas-poslednata-brojka-od-godinata-na-raganje (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава