10 членови на кралското семејство кои се на ред да го наследат престолот

Помеѓу најавата за принова на Вилијам и Кејт, најавата за венчавка на принцот Хари оваа пролет, и втората сезона на хит серијата „The Crown“, линијата за наследување на кралскиот престол повторно стана актуелна тема.

10-clenovi-na-kralskoto-semejstvo-koi-se-na-red-da-go-nasledat-prestolot-001.jpg

Вистината е дека линијата воопшто не е едноставна. Кралицата Елизабета наполни 91 година овој aприл и сè уште не покажува никакви знаци за повлекување.

Погледнете кои се членовите од кралското семејство кои би го наследиле престолот еден ден по редослед:

1. Принцот Чарлс

Како директен наследник на неговата мајка која е најдолг владејачки монарх, принцот Чарлс, највозрасното машко дете на Кралицата Елизабета и Принцот Филип од 1952 се смета за наследник на престолот.

2. Принцот Вилијам

Вилијам денес има 35 години и голема е веројатноста дека највозрасниот син на принцот Чарлс и принцезата Дијана ќе го наследи престолот еден ден. Голем дел од популацијата на Британија е за абдикација на Принцот Чарлс, најмногу поради скандалите поврзани со неговата сопруга Камила и го преферираат принцот Вилијам за следен наследник.

3. Принцот Џорџ

На 22 Јули, 2013 година принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го добија своето прво дете, принцот Џорџ. Принцот Џорџ скокна на листата пред неговиот чичко принцот Хари и сега е трет на листата на наследници.

4. Принцезата Шарлот

На 2 Мај, 2015 година, Вилијам и Кејт добија уште еден член на нивното семејството, принцезата Шарлот. Таа денес е 4-та на листата на наследници благодарение на новиот закон изгласан само неколку недели пред нејзиното раѓање, кој го отфрла правилото кое траело со векови дека секој машки наследник на семејството има предност пред женскиот.

5. Принцот Хари

Како втор роден син на принцот Чарлс и принцезата Дијана, местото на линијата на принцот Хари често се менува. Моментално тој е на 5-тото место, но тоа повторно ќе се промени во 2018 година кога неговиот брат Вилијам ќе добие трето дете.

6. Принцот Ендру

Принцот Ендру е вистински пример за законот кој им даваше предност на машките наследници. Иако тој е трето родено дете на кралицата Елизабета и принцот Филип, тој и неговите наследници имаат предност пред принцезата Ана.

7. Принцезата Беатрис

Поради тоа што принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара, имаа две ќерки, за нив не важеше законот за предност на машките деца. Но, со секое дете кое нејзиниот братучед, Принцот Вилијам го има, таа сè повеќе се оддалечува од престолот.

Принцезата Беатрис се прослави по познатиот шешир кој го носеше на свадбата на Вилијам и Кејт, кој подоцна се продаде на eBay за 130.000 долари кои подоцна беа донирани во хуманитарни цели.

8. Принцезата Еугенија

Иако често можете да ја забележите на сликите од кралските настани, принцезата Еугенија, најмладата ќерка на принцот Ендру речиси целото нејзино време го поминува занимавајќи се со уметност.

Таа имала многу високи позиции во светот на уметноста, а денес е директор на Лондонската галерија „Hauser & Wirth“.

9. Принцот Едвард

Како и неговиот постар брат Ендру, така и принцот Едвард најмалиот син на кралицата Елизабета е над неговата сестра на листата на наследници на престолот.

10. Џејмс, Висконт Северн

Џејмс е единствениот син на принцот Едвард. Тој има само 10 години и засега е 10-ти на листата на наследници на кралскиот престол.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...

Најчитани неделава