Стереотипи за земјите низ светот во кои луѓето треба да престанат да веруваат

Општеството создава стереотипи во секое поле од животот, а луѓето слепо веруваат во многу од нив, иако не треба да биде така.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-01.jpg

Па како и за сè останато, така и за земјите во светот постојат одредени верувања кои се широко распространети, а сепак неточни.

Во дел од нив, сигурно и вие сте верувале, но сега е време да ја дознаете вистината:

Шпанија – Борењето со бикови е омилен спорт

Шпанците не би се сложиле со ова, бидејќи нивниот омилен спорт е фудбалот, а броењето со бикови воопшто не е спорт.

Тоа е значајно и карактеристично за земјата, но само како историско наследство. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 60% од населението во Шпанија има негативно мислење за оваа активност и на многу делови од земјата е ова забрането.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-02.jpg

Англија

Традиционалниот англиски појадок воопшто не е скромен и лесен, напротив, се состои од јајца, колбаси, грав, печурки, домати и тост лепчиња.

Што се однесува до чајот кој наводно сите Англичани го пијат во попладневните часови, и тоа не е точно. Многу од нив воопшто не сакаат чај, но не се и големи љубители на кафе, иако доколку во кафуле нема домашно подготвен чај, попрво би нарачале кафе.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-03.jpg

Јапонија – најпопуларно јадење е суши

Сушито е попопуларна храна секаде во светот отколку во Јапонија. Иако е измислено од јапонски кувар, сепак тој го популаризирал јадењето во Америка.

Сушито не е традиционално јадење на трпезата на Јапонците, туку каша од тестенини. Оваа супа Јапонците дури преферираат да ја јадат за појадок.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-04.jpg

Австралија – главен град е Сиднеј

Можеби за некого ова ќе звучи глупаво, но верувале или не, има многу луѓе кои веруваат во ова. Сепак, тоа не е точно, со оглед на тоа што главен град е Канбера.

Друга лага во која веруваат многумина е дека овде има вечно лето, но климата во Австралија е погодна за секого – има 6 климатски зони, а во некои делови е значително ладно и температурата достигнува до 0.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-05.jpg

Мексико – сиромашна и опасна земја

Благодарение на многу американски филмови, Мексико на сите ни е претставено како сомнителна и сиромашна земја во која владее трговијата со дрога.

И вистина е дека постојат опасни делови во Мексико, посебно на границата со САД, но тоа не важи за цела земја.

Поголем дел од Мексико има прекрасни ресорти и природни убавини, како и љубезни домаќини, а во некои делови стандардот го надминува дури и американскиот.

Токму затоа, многу Американци се пензионираат во Мексико, бидејќи пензиите се поголеми, а данокот помал.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-06.jpg

Естонија - луѓето се спори, неактивни и бавно зборуваат

Ритамот на живот во Естонија навистина не е динамичен, но тоа не значи дека луѓето се како забавен филм. Тие само не се брзаат никаде во секојдневниот живот, а што се однесува до зборувањето, тие се водат по лингвистичките стандарди.

Чувството за бавно зборување доаѓа од тоа што при зборувањето тие користат дупли самогласки, па изгледа како да го делат зборот на два дела и за нашите уши тоа звучи како пауза во зборувањето.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-07.jpg

Франција - луѓето се љубители на деликатеси и не јадат брза храна

Многу Французи живеат здрав живот и внимаваат на исхраната, исто како и во многу други земји, но тоа не значи дека тие никогаш не јадат брза храна.

Ако порано, земјата не го одобруваше и финансираше отворањето на ресторани за брза храна, сега законите се не толку строги по тоа прашање.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-08.jpg

Монголија – многу степи и опасно за патување

Монголија е земја за која малкумина знаат нешто повеќе, но степите кои се застапени во поголем дел од земјата се познати како непријатни за авантури.

Сепак, големите градови, меѓу кои и главниот, се модерни  и не се разликуваат многу од останатите во светот.

За туристите кои сакаат да патуваат низ степите, задолжителен е водич, но и без нив, номадите со задоволство ќе ги прошетаат туристите и ќе ги третираат љубезно како свои гости.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-09.jpg

Канада – секогаш ладно

Северниот дел од земјата навистина е постојано покриен со снег, но поголем дел од жителите живеат во јужниот дел, каде има 4 годишни времиња, па и Канаѓаните уживаат во топла пролет и жешко лето.

Во Торонто и Монтреал на пример, летните температури знаат да достигнат и до 30 степени.

stereotipi-za-zemjite-niz-svetot-vo-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-veruvaat-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава