82-годишната Бет Неш со 60 години кариера е најстарата стјуардеса на светот

Таа изгледа прекрасно во 9-тата деценија од животот, а нејзината желба за работа и живот е заразна.

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-01.jpg

Бет Неш има 82 години и веќе 60 години работи во авио компанијата „American Airlines“. Нејзината љубов и страст кон работата направија таа 6 децении без проблем да функционира во кариерата. Нејзината одлична енергија и насмевката ѝ се заштитен знак.

Многу луѓе кога патуваат сакаат да направат селфи со стјуардесата легенда. Бет навистина изгледа прекрасно и безвременски во нејзината униформа. Таа е ѕвезда на секое патување, дури и поголема од капетанот. Патниците ѝ се воодушевуваат кога ја ќе запознаат и за нив е вистинска инспирација.

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-02.jpg

Моментално живее во Вирџинија и се грижи за својот син со посебни потреби. Најчесто патува на линијата Вашингтон-Бостон-Вашингтон.

Таа ја започнала кариерата на 21 година, а тогаш летањето со авион било приоритет само на елитата. Сите што можеле да си го дозволат тој луксуз, биле неверојатно добро облечени и немало патување со патики и влечки како денес, открива Бет.

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-03.jpg

Униформата на Бет доживеала низа промени, но таа во сите изданија изгледала беспрекорно.

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-05.jpg

Кога ќе ја прашаат за плановите за пензионирање, Бет вели дека не сака да размислува за тоа.

Оваа посветена и вредна жена дефинитивно е вистинска инспирација.

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-04.jpg

81-godishnata-bet-nesh-so-60-godini-kariera-e-najstarata-stjuardesa-na-svetot-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава