Мразат купони за попуст, не го нудат поскапото: Вработените откриваат тајни за рестораните

Во секоја индустрија постојат тајни кои само вработените ги знаат, иако многу од нив се јавно познати.

mrazat-kuponi-za-popust-ne-go-nudat-poskapoto-vrabotenite-otkrivaat-tajni-za-restoranite-01.jpg

Па така, и во рестораните, персоналот е „во игра“, барем во оние каде се работи професионално и имаат многу тајни за нивната работа кои се користат насекаде низ светот.

Работата на оние кои ве служат е да ви понудат одлично искуство во локалот, а со цел да го постигнат тоа најдобро, мора да знаат добро да анализираат луѓе.

Има многу трикови со кои тие се служат и тајни кои ги откриваат за нивната работа, кои веројатно досега не сте ги знаеле.

Погледнете дел од нив:

Продавањето на поскапото е мит

Нема логика келнерот да ви го нуди она што е поскапо, ако тоа не го направи гостинот среќен. Така, нема да добие бакшиш, ниту пак ресторанот ќе добие позитивна критика, па нема потреба за џабе да си ја троши енергијата.

Татко или постар партнер?

За келнерите е непријатно чувството кога треба да послужат маса на која седат млада девојка и постар маж. Но, тие велат дека постои трик кој им открива за каков однос се работи.

Раката ставена на нога обично им открива дека не се работи за татко на девојката...

mrazat-kuponi-za-popust-ne-go-nudat-poskapoto-vrabotenite-otkrivaat-tajni-za-restoranite-03.jpeg

Ќе ја добиете храната побрзо ако слушате препораки

Кога има многу луѓе и нарачки, најдобро е да се советувате со келнерот за тоа кои јадења може најбрзо да се подготват, а кои би ги чекале подолго и да ги послушате.

mrazat-kuponi-za-popust-ne-go-nudat-poskapoto-vrabotenite-otkrivaat-tajni-za-restoranite-05.jpg

Секогаш кажувајте „да“ кога ви нудат второ мезе помеѓу јадења

После салатата, препорачливо е да нарачате уште нешто за мезење пред да стигне главното јадење, посебно доколку келнерите ве прашаат дали сакате уште нешто.

Тоа значи дека веројатно главното јадење ќе се подготвува подолго, па би било добро да не чекате гладни и со празна маса.

Во играта „кој ќе плати“, келнерот секогаш пресудува

Според вработените, луѓето кои одат во ресторани, трошат премногу време расправајќи се кој ќе ја плати сметката. Оваа игра може да трае толку колку што келнерот ќе дозволи, а најчсто завршува така што тој ги зема парите или картичката од некој од оние кои мавтаат со нив.

mrazat-kuponi-za-popust-ne-go-nudat-poskapoto-vrabotenite-otkrivaat-tajni-za-restoranite-04.jpg

Тие мразат купони за попуст

Причината е тоа што се создава преголема гужва во објектот бидејќи сите сакаат да го искористат попустот, а тие мора да работат многу повеќе за да ги задоволат сите. Исто така, тие тврдат дека бакшишот е помал кога гостите нарачуваат со купони за попуст.

Ако музиката стане чудна, значи дека е време за одење

Доколку забележите дека музиката нагло се сменила и станува чудна и непријатна, тоа не е затоа што тие немаат вкус, туку сакаат да ве натераат да си одите, бидејќи се ближи времето за затворање.

Стратегија за сместување на големите луѓе

Покрупните и високите луѓе се сместуваат некаде настрана, односно не блиску до пролаз или некаде каде што е тесно.

Никој не сака гостите да му се чувствуваат како да јадат во авион и да се „стискаат“, а исто така и на келнерот нема да му биде пријатно на секое поминување да го подбутнува гостинот за да пројде.   

mrazat-kuponi-za-popust-ne-go-nudat-poskapoto-vrabotenite-otkrivaat-tajni-za-restoranite-02.jpeg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава