Жените не се толку чисти и педантни како што сакаат да мислиме сите

Доколку се дебатира за хигиенските навики на двата пола, мора да признаеме дека е прилично мртва трка.

Zenite-ne-se-tolku-cisti-i-pedantni-kako-sto-sakaat-da-mislime-01.png

И жените, како и мажите, имаат прилично лоши навики и одвреме-навреме забораваат на педантноста и одржувањето на нивото на хигиената.

Мажите се потат повеќе, имаат поизразен телесен мирис, си ги чепкаат интимните делови во јавност, не си ги мијат рацете после тоалетот? Добри вести, ниту жените не се најчистите нежни деликатни цветови.

Ова се само неколку од работите кои жените (не) ги прават и не сакаат да ги дознаете никогаш:

Ретко ги перат градниците

Признајте, не го перете градникот толку многу често колку што би требало. Особено тој еден за кој сте најмногу приврзани и го облекувате секогаш кога сте во брзање, знаејќи дека деколтето ќе ви изгледа одлично.

Понекогаш поминуваат и недели пред да се решите конечно да го исперете, нели? Дури и кога го правите тоа, по малку се каете бидејќи сите други кои ви се на располагање не ви стојат доволно добро.

Си легнуваат без да си ги измијат забите

Доколку сте уморни или веќе ве фатила дремка, не ви доажа ниту на крај на памет да станете, да си го кршите сонот и да ги измиете забите, нели?

Кога сте пијани после излегување и сè што сакате е само да си легнете. Кога сте се стоплиле под ќебенцето и не ви се мрзне само за едно миење заби. По сексот кога удобно си лежите покрај партнерот и немате желба да станувате и да ја нарушувате вашата мала романтична идила.

Кој умрел од едно немиење заби пред спиење? Има ден и утре.

Не ги перат фармерките или опремата за вежбање многу редовно

Слично како и кај градниците, секоја девојка си има еден пар фармерки кои ги обожава и ѝ стојат најдобро од сите. Понекогаш се забораваме, но и прилично удобно ги чувствуваме на себе и додека да се свестиш – поминале 3 недели, а фармерките се сè уште неиспрани.

Ја заборави опремата за вежбање во ранецот, а веќе е дојдено времето за тренинг? Ништо што не може да го поправи едно проветрување на омилените хеланки за вежбање. Секако ќе се испотиш.

Не носат секогаш долна облека

Сите сме се соочиле со хоророт наречен – немам ниту еден чист пар гаќи. Нема гаќи – нема проблеми. Кој ќе знае дека не ги носите на себе?

Чепкаат низ мобилниот додека се на ВЦ шолјата

Зарем не може тој или таа да почека да им одговорите додека не завршите со обврските во тоалетот? Секако дека не можат. Не можете ниту вие да направите пауза од читањето вести и ставањето срца на Инстаграм.

За некои жени дури, овој ритуал со телефонот во тоалетот претставува врвно уживање.

Корнат влакна од најнеочекуваните места

Не само од косата, туку и од носот, ушите, нозете или брадавиците. Особено додека не гледа никој, жените уживаат да си отстрануваат мали влакненца од своето тело и тоа со помош на своите два прста.

Стискаат акни – и уживаат во процесот

Да, скоро и да не постои жена која не ужива во ритуалот на стискање акни, бубуљици или отстранување митесери од лицето. И додека мажите тоа го гледаат со особено гадење, жените уживаат во звукот кој го прави акната кога конечно ќе пукне и ќе спласне.

Испуштаат гасови без грижа на совест

Секако, само додека се сами. Можеби ќе се напрегнат до невидени размери да не го направат ова во јавност или пред некој друг, но кога се сами испуштаат гасови исто како и мажите. И се смеат.

Користат шминка со поминат рок на траење

Па што дека рокот на маскара е поминат уште пред 6 месеци? Има уште, а со малку крем се освежува течноста. Ако не предизвикуваат никакви иритации, зошто да не се искористат шминките и покрај поминатиот рок на траење?

Мочкаат додека се тушираат

Едно од најослободувачките чувства е да слободата да се измочкате во туш кабината додека се бањате или туширате.

Бидејќи кој нормален ќе излезе надвор од туш кабината само за да уринира и повторно да се врати во истата?

Бричот за една употреба добива повеќекратна употреба

Бидејќи нема резервен. Бидејќи нè мрзи да се симнеме и да купиме нови. Бидејќи се брзаме. Бидејќи ништо не му е на стариот добар брич. Бидејќи – кој ќе дознае?

Понекогаш забораваат да си ги измијат рацете по тоалетот

Од брзање, од немарност, од идејата дека „ништо не допревте со своите раце“, туку исклучиво само хартијата за бришење.

На сите ни се случило минимум еднаш во животот. Мажи, не сте сами.

Јадат трошки кои паднале во градникот

Колачиња, чипс или какви било други грицки пред вас. Неколку трошки паѓаат во градникот или на стомакот, а жените бесрамно си ги прибираат во устата. Па наши си се, кој друг да ги изеде?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg