6 трагикомични приказни за војната помеѓу свекрвите и снаите

Мајка си е мајка. Ниту една жена не ќе може да ја замени. Така си мисли секоја мајка на син. И нема. Бидејќи и не треба.

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-1.jpg

Меѓутоа, чувството дека ниедна жена не е доволно добра за нејзиниот син, малку мајки можат да го сокријат. Особено во нашите краишта.

Дел од свекрвите успеваат да се спријателат со својата снаа, додека има и такви на кои тои не им паѓа ни на памет, сакајќи да ѝ порачаат каде ѝ е местото.

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-2.gif

Илјадници жени го раскажаа своето искуство со свекрвите, исповедајќи се на „Mother In Law Stories“, специјализираната страница за овој „проблем“.

Во продолжение, прочитајте шест неверојатни приказни, за кои не сме сигурни дали се повеќе комични, или,  пак, трагични:

1. Само семејството на слика

„На денот на нашата свадба, свекрвата ме замоли мене, другата снаа и зетот да се тргнеме од кадар, за фотографот да може да го сликне само „нејзиното семејство“. И така јас – невестата, си стоев настрана, гледајќи ја нејзе како прави распоред за слика на „нејзиното семејство“. Зет ѝ ми кажа да се навикнам, затоа што истото го прави во сите пригоди. Сѐ уште не можам.“  

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-3.jpg

2. Помош после породувањето

„Кога се вратив од породилиштето со нашиот син, свекорот и свекрвата ни дојдоа на гости. Се породив со царски рез и не можев многу да се движам. Но, сите сакаа пица за вечера. И си ја направија сами. Кога влегов во кујната, насекаде беше растурено брашно. А, иако имаме машина за садови, сите нечисти чинии беа оставени во мијалникот, за да „би можела да ги измијам кога ќе ми биде подобро“. Така му рекла свекрвата на сопругот.“

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-4.jpg

3. Добар подарок?

„Во една прилика, свекрвата ми купи секси ноќница за подарок. Бевме штотуку венчани со сопругот, па тогаш уште не знаев колку таа всушност е луда. Изненадена бев, ама пристојно ѝ се заблагодарив, кажувајќи ѝ: „Фала, убава е.“ А, таа на тоа ми одговори: „И јас истото го помислив кога ја облеков.“”

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-5.jpg

4. Прво синот јаде, па другите ако остане

„Свекорот и свекрвата порано ја зедоа нашата ќерка од градинка. Бидејќи прва завршив со работа, отидов кај нив пред сопругот. Маж ми пристигна после мене, па свекрвата го понуди со ручек. Откако јадеше, тој ме запраша: „А, тебе? Те понуди ли мама со ручек?“  Му кажав дека не, на што таа дофрли: „Епа, немаше и за двајцата!“"

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-6.jpg

5. Спомени од првиот брак

„Во брак сме осум години. За првиот Божиќ што го прославивме заедно, свекрвата ни донесе фотоалбум со слики од венчавката. Звучи убаво, но тоа веќе го имавме, па не го прегледав подетално. Осум години подоцна, со ќеркичката го разгледувавме албумот, стигајќи до страницата на која не беа нашите фотографии. Тогаш сфатив дека тоа се свадбените слики од првиот брак на сопругот. Или свекрвата била скржава, или, пак, намерно сакала да ми порача дека не ме почитува за да купи нов албум.“

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-7.jpg

6. Детергент за садови на Божиќ

„Се венчавме пред пет месеци. Неговите родители не ни понудија никаква финансиска помош околу свадбата. Тоа е во ред, затоа што моите платија сѐ. Мошне се традиционални по тоа прашање. Меѓутоа, ножеви за подарок? И тоа ни стигна две недели порано преку пошта. Такво нешто не ни беше на списокот за дарови. А, свекрвата за Божиќ ми донесе детергент за миење садови. Замислете – пред моите родители. Подобро ништо да не добиев.“

6-tragikomichni-prikazni-za-vojnata-pomegju-svekrvite-i-snaite-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg