Пред 33 години докторите сакаа да го исклучат од апарати: Стивен Хокинг наполни 76 години

Тој е еден од најбрилијантните умови на земјата и вистинско чудо на медицината.

pred-33-godini-doktorite-sakaa-da-go-iskluchat-od-aparati-stiven-hoking-vchera-napolni-76-godini-01.jpg

Стивен Вилијам Хокинг на 8-ми јануари го прослави својот 76-ти роденден. Еден од најбрилијатните умови на светот, англискиот теориски физичар и космолог се смета за еден од најголемите научници на сите времиња и неговата работа во голема мера влијаела на на космологијата и квантната гравитација, а особено значаен придонес има во истражувањето на црните дупки.

Од 1963 година на Хокинг му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), која е прогресивна, обично смртоносна, неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. Како моторна невронска болест, таа предизвикува мускулна слабост и атрофија по целото тело.

pred-33-godini-doktorite-sakaa-da-go-iskluchat-od-aparati-stiven-hoking-vchera-napolni-76-godini-06.jpg

Кога му била откриена болеста докторите му предвиделе само уште 2 години живот, но тој е вистинско медицинско чудо и со болеста живее повеќе од 50 години.

Во 1985 година неговата тогашна сопруга Џејн одбила медицинскиот персонал да му ги исклучи апаратите што го одржувале во живот, кога фатил пневмонија и бил во кревет. Во тој период Хокинг бил во вештачки предизвикана кома во болница во Женева, за што говори во документарниот филм од 2013 година.

pred-33-godini-doktorite-sakaa-da-go-iskluchat-od-aparati-stiven-hoking-vchera-napolni-76-godini-02.jpg

Џејн одбила и барала трансфер во Кембриџ, каде следеле најтешките денови од неговиот живот со интензивна нега и третмани. Болеста го оставила неспособен да зборува и направила да има потреба од константна нега, но не го спречила да работи на своите научни истражувања.

Во 1988 година ја издал книгата „A Brief History of Time“, која се продала во преку 10 милиони копии низ целиот свет.

pred-33-godini-doktorite-sakaa-da-go-iskluchat-od-aparati-stiven-hoking-vchera-napolni-76-godini-03.jpg

Хокинг постојано патува низ светот и држи предавања и е пример за многу луѓе со посебни потреби.

Неговата болест му дала посебен поглед на светот.

„Затоа што секој миг може да ми биде последен имам желба да го искористам максимумот од секоја минута“, вели инспиративниот Хокинг.

Неговата состојба е исклучок од правилото кога станува збор за болеста АЛС. На Хокинг оваа болест му била дијагностицирана на 21 година и, покрај лошите предвидувања на докторите, тој сега го прослави својот 76-ти роденден.

pred-33-godini-doktorite-sakaa-da-go-iskluchat-od-aparati-stiven-hoking-vchera-napolni-76-godini-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава