6 едноставни правила кои ќе ви го олеснат животот во различни ситуации

Психолог од Русија, Михаил Лабковски, не се срами да признае дека посакал да се стекне со знаењето од професијата која ја одбрал со цел да си помогне прво себеси за своите проблеми. 

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-01.jpg

Тој успеал да се справи со нив, и како резултат на неговото 30-годишно искуство и набљудување, тој формулирал 6 животни правила.

Психологот тврди дека овие правила навистина помагаат да се надмине и неврозата како ментална состојба.

Погледнете кои се правилата до кои треба да се придржувате ако сакате животот да ви биде полесен и да немате непотребни непријатни ситуации и проблеми.

6 психолошки принципи:

Правило бр.1: Правете го само тоа што го сакате

Ова е главно правило – правете ги само работите кои сакате, а ова важи за сите животни ситуации. Независно дали е избор за појадок, дали е животна одлука поврзана со брак, деца или пак промена на работата.

Слушајте го срцето и правете што сакате. А, ова правило е најдобро да се следи уште од најмала возраст за така да се развие психата.

Па, доколку имате дете, првиот чекор за да го научите на тоа е со прашањата: „Што сакаш да јадеш/да правиш сега/да носиш?“.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-02.jpg

Правило бр.2: Не го правете тоа што не сакате

Слично на првото правило, треба да се следи и ова – никогаш не прифаќајте да правите нешто што не сакате и не ве прави среќни. Посебно доколку заради тоа претрпувате стресови, нервози и му наштетувате на здравјето.

Размислувањето од типот „Не сакам, ама морам да го направам тоа“ води до такви последици.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-03.jpg

Правило бр.3: Не премолчувајте ако нешто не ви се допаѓа

Многу често луѓето премолчуваат нешто што не им се допаѓа и го наталожуваат бесот во себе па потоа се расправаат сами со себе во својата глава.

Без разлика со кого разговарате и за што, секогаш е подобро да кажете што не ви се допаѓа и да дадете алтернативно решение, отколку да премолчувате и да правите поголем проблем кој се таложи.

Но, посебно во врските, работите кои ви пречат треба да ги кажете еднаш, ако нема никаков фидбек, не вреди да се борите.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-04.jpg

Правило бр.4: Не одговарајте без да ве прашаат

Изјавите како „Уморен/а сум, Готов/а сум, Ужасен/а си“ и сл. не се прашања и никогаш не треба да одговарате на нив.

Со нив луѓето сакаат да ве испровоцираат да ги прашате што им е, зошто се жалат, односно манипиулираат со вас.

Затоа, никогаш не одговарајте на вакви изјави кои не се прашања бидејќи во спротивно, ќе си направите непотребен проблем.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-05.jpg

Правило бр.5: Одговарајте кратко и јасно на прашањата

Ако ви постават јасно прашање и одговорите само на тоа со краток и јасен одговор, ќе изгледате уверливо. Но, ако продолжите понатаму да објаснувате, ќе изгледа како да се правдате.

Секое дополнително појаснување може да се смета за изговор. Ако некој сака детали, ќе ви постави дополнителни прашања, не мора сами да ги кажувате.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-06.jpg

Правило бр.6: Зборувајте само за себе за време на кавга

Главниот принцип на ова правило е да ги објасните вашите чувства и очекувања за тоа како сакате луѓето да ве третираат.

Ова правило не треба да поттикне конфликт и кавга. Само треба да зборувате за себеси и за вашите чувства, без да осудувате никого.

6-ednostavni-pravila-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-vo-razlichni-situacii-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава