Зошто Кајли Џенер е лош пример за младите девојки?

Нема човек што не дозна дека старлетата Кајли Џенер родила девојче. Информацијата за нејзиното породување одекна пред неколку дена, предизвикувајќи вистинска медиумска сензација. Но, каква порака се испрати со тоа?

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-1.png

Најпопуларната „тинејџерка“ на светот стана мајка, по повеќемесечни шпекулации околу наводната бременост.

Mилионите нејзини обожавател(к)и воодушевено ја прифатија веста дека нивниот идол се има остварено во улогата на родител.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-2.jpg

За својата слава и големо богатство, Кајли Џенер може да им се заблагодари првенствено на девојчињата и тинејџерките кои ја следат, сакаат да се облекуваат и шминкаат како нејзе, да се однесуваат како неа и да живеат како што таа живее.

Во колумната за Metro, новинарката и феминистка Сирена Бергман направи осврт на хистеријата која во последно време владее околу името на Кајли Џенер, но и целото семејство Кардашијан.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-3.jpg

Таа изнесе низа аргументи и тврдења, кои јасно покажуваат каква погрешна порака (ин)директно им испрати старлетата на своите фанови од социјалните мрежи.

Всушност, таа е лош пример за младите девојки од самиот почеток на нејзиното јавно делување.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-4.jpg

Кајли Џенер ги зголеми градите и усните пред да стане полнолетна, подгревајќи ги неразумните и нереални очекувања што се наметнуваат за женскиот пол, кога е убавината во прашање.

Притоа, смело се појавуваше во (пре)разголени и (пре)провокативни изданија, кои се непримерни за годините на една тинејџерка, давајќи му изразена сексуалнoст на својот изглед уште од рана возраст.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-5.jpg

На 17 години, таа беше во врска со осум години постар маж. А, како шлаг на тортата, роди дете со само 20 години.

Mладите девојки мора да тежнеат кон повисоки цели во животот, а не да бидат опседнати со физичкиот изглед, или, пак, да родат со навршени дваесет години по секоја цена.“, смета Бергман, додавајќи дека повеќето девојчиња кои ги впиваат пораките на Џенер, не се свесни што ќе им се случи ако го следат нејзиниот пример.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-6.jpg

Кајли остана бремена на деветнаесетгодишна возраст, од момчето со кое се забавуваше околу месец дена. Со американскиот рапер Тревис Скот наводно се запознале на фестивалот Коачела, а недолго потоа и ја затруднел.

Иако важи за комплетно неважен лик во сапуницата за најпознатото семејство на светот, сепак важно е да се спомене дека тој веќе некое време има проблеми со законот.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-7.jpg

Меѓутоа, во ерата на Инстаграм, каде виртуелната реалност и лајковите го обликуваат светот на новите генерации, Кајли е непогрешлива.

А, во суштина, секое имитирање на начинот на живот што таа го води и промовира, ним може драматично да им го искомплицира животот.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-8.jpg

Особено родителството во раната младост, кое деновиве погрешно се прикажува и глорификува.

„Кајли е во привилегирана позиција. Не е сеедно дали ќе станете дваесетгодишна самохрана мајка, кога имате милиони на сметка и изграден бизнис, како и цела екипа од дадилки, или, пак, кога сте една сосема просечна девојка на иста возраст, која не е финансиски стабилна, ниту има толкава империја позади себе.“, истакнува Сирена.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-9.jpg

Додека најмладата дама од кланот Кардашијан ќе биде во можност да води ист животен стил како порано, реалноста на мноштво млади мајки е сосема поразлично искуство.

Посебно за самохраните родители. На нивните плеќи натежнува сиот финансиски, емотивен и професионален товар за одгледување на детето.

zoshto-kajli-djener-e-losh-primer-za-mladite-devojki-10.jpg

За жал, многумина не можат сами да го издржат притисокот, а немаат никаква друга поткрепа.

Култот за Кајли Џенер е изграден на теоријата дека единствено е важно да бидете убави, да имате големи гради и усни, како и млади да родите дете. Но, дали навистина е така лесно?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава