5 неверојатни тајни од Кенсингтонската палата

Таму сега живеат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и другите припадници на кралското семејство, но како изгледал некогаш животот во ова гламурозно здание?

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-01.jpg

Кенсингтонската палата асоцира на гламур, елеганција и софистицираност. И навистина, влегувањето во палатата каде живеат членовите на британското кралско семејство е како  зачекорување во некоја бајка.

Секој ден платата, која потекнува од 18-тиот век, е отворена за јавноста од 10 часот до 18 часот. За време на оваа тура водичите раскажуваат многу забавни работи.

Некои факти за неа ќе ви звучат навистина скандалозно:

Жените често уринирале на подот на настани од високите социјални кругови.

Во 18-тиот век жените носеле формална облека при посетите на Кенсингтонската палата и сакале да ги воодушеват сите. Корсет врзан одзади и широко здолниште.

Здолништата биле толку широки што жените не можеле да ги користат тоалетите. Па, кога слугинките не успевале да стигнат на време за да им помогнат, тие уринирале директно на подот од платата.

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-02.jpg

Мачкање на лицето со маст од гуска било начин за подготовка за важен настан.

И жените и мажите пред големи настани се мачкале со маст од гуска по лицето за да го заштитат лицето од белата шминка, која ја нанесувале потоа.

Во белата шминка во 18-тиот век имало многу штетни материи, а тоа направило многу луѓе да ја изгубат целата коса, па дури и веѓите. Понекогаш ставале вештачки веѓи, но во преполните топли соби маста од гуска почнувала да тече по нивните лица и веѓите да им паѓаат.

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-03.png

Од жените на забавите се барало кога се онесвестуваат тоа да биде „соодветно“.

Поради тешката облека на високите температури и лицата намачкани со маст од гуска, жените често се онесвестувале кон крајот на настаните. Но, бидејќи биле припаднички на високото друштво не можеле само да паднат на подот.

Тие требало да се потпрат на ѕид во аголот и полека и грациозно да паднат на подот. Останувале во седечка позиција на подот, додека не се почувствувале доволно добро за да станат повторно.

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-04.jpg

Мажите ги покажувале развиените листови на нозете.

И мажите страдале во име на модата. Тие требало да носат панталони до колениците за нивните спортски обликувани листови на нозете да дојдат до израз и луѓето да им се восхитуваат.

Овие мускули мажите ги зајакнувале од јавањето коњи и одењето на лов по цели денови. Но, ако листовите не им биле доволно развиени, тие носеле некој вид на „потпунки“ за да им изгледаат подобро.

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-05.jpg

Влегувањето во секоја соба во палатата имало своја цена.

Како и во добар ноќен клуб, така и во палатата морало да платите за да влезете. Но, тоа не било доволно, морало да бидете облечени и во вашата најубава облека ако сакате да бидете пуштени внатре.

Исто така, се плаќало одредена сума и за секоја соба што сакате да ја посетите.

5-neverojatni-tajni-od-kensingtonskata-palata-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава