Инстаграм ѕвезда креираше лажно патување во Дизниленд, а скопска блогерка ноќно излегување

Инстаграмџиките и блогерките ни прикажуваат бајковит начин на живот, но колку сето тоа е вистина, дали некогаш сте се запрашале?

instagram-dzvezda-kreirashe-lazno-patuvanje-vo-diznilend-a-skopska-blogerka-nokjno-izleguvanje-01.jpg

Видов неверојатна сцена со скопска блогерка, ја видов со свои очи во еден скопски ноќен клуб и искрено тажно ми дојде. Многу тажно.

Дојде во локалот, не дека не, но сама со роза во раката, се проби со првите редови и замоли еден член од бендот, кој имаше свирка, да ѝ ја подаде розата, а келнерот да снима и слика за на Инстаграм. Сцената во живо беше жална, на Инстаграм спектакуларна.

Девојката поседе помалку од половина час за да го изведе планираното и си замина, верувам дома, за да прикаже колку прекрасно си поминала во град, како била во центарот на вниманието, како дури и тапанарот од бендот бил воодушевен од неа, па ѝ подарил роза.

И ништо од тоа не беше точно. Сето тоа е само еден лажен приказ за живот каков во реалноста блогерките и не живеат баш. Сè е исценирано, однапред испланирано, предимензионирано и направено да изгледа бајковито и да предизвикува завист во очите на другите.

Најтажно од сè е што следбениците на блогерките кога го гледаат нивниот начин на живот и го споредуваат со својот завршуваат тажни и очајни колку нивниот живот не е спектакуларен. Депресијата настапува на сцена, а навистина нема зошто.

Тоа го докажа и 32-годишната Инстаграм ѕвезда Каролин Стрич од Велика Британија. Таа со еден експеримент докажа како луѓето веруваат во совршенството сервирано на социјалните мрежи, кое може и воопшто да не е вистинито.

На своите 194.000 фанови им сервираше лажно патување во Дизниленд. Таа била инспирирана од една апликација за убавина кога седела во креветот бледа и со темни подочници, а апликацијата од неа со помош на специјални ефекти направила убавица.

Ја прикачила на социјалните мрежи и никој не реагирал на тоа зошто изгледа поинаку, дури ниту најблиските, па така смислила нејзиното „совршено јас“ да отпатува во Дизниленд на еден ден.

Правела фотомонтажи, ставала измислени описи и фантазијата ја претставувала како реален живот. Кажала дека летала за Дизниленд, дека го посетила замокот на Заспаната убавица и низа активности по повод нејзиниот 22-ри роденден.

На крај призна дека сето тоа го измислила.

Каролин, исто така, призна дека никогаш не чита книги покрај прозорецот, но се фотографира така затоа што убаво изгледа. Вели дека понекогаш шолјата кафе што ја држи во рака на фотографиите е празна. Дека за нејзиниот стан да изгледа подобро го преместува дури и мебелот и со помош на Фотошоп ги чисти дамките од мебелот или ѕидовите.

Последниот проект со Дизниленд го користи за тестирање на нејзините способности за фотографија, но смета дека ја преминала границата и морала да биде разумна и да им ја каже вистината на своите следбеници.

Оваа приказна е добро освестување дека на социјалните мрежи ви се сервираат тон лажни прикази на совршен живот и не смеете да верувате во сè што ќе видите и да се растажувате од фактот што не водите толку гламурозен живот како блогерките.

Замислете само колку време и енергија одзема постојано да глумиш совршенство...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава