Светото копје по кое трагал Хитлер бидејќи мислел дека ќе му донесе неограничена моќ

Светото копје е религиозен христијански артефакт. Копјето се смета дека е истото копје со кое бил прободен Исус додека висел распнат на крстот.

Svetoto-kopje-po-koe-tragal-Hitler-01.jpg

Сцената на прободувањето може да се види на многу фрески и икони и е една од поважните случки во христијанството.

Римјаните најчесто им ги кршеле нозете на распнатите луѓе, за да починат побрзо, меѓутоа, бидејќи за Исус мислеле дека е веќе мртов, решиле да го прободат со копје за да проверат. Ова прободување го извршил римскиот легионер Гај Касиус Лонгин, па затоа копјето е наречено по него.

Всушност се работи само за металниот дел, врвот од копјето и постојат повеќе артефакти за коишто се тврди дека токму тие се познатото копје кое го прободело Исус.

Така познати се: копјето во Рим, закопано под црквата Св. Петар; копјето во Вагаршапат, во Ерменија; копјето во Антиохија, кое исто така било закопано под тамошната црква Св. Петар; и најинтересното копје, копјето во Виена, коешто сега се наоѓа изложено во Империјалниот трезор во палатата Хофбург.

Svetoto-kopje-po-koe-tragal-Hitler (2).jpg

Токму последното копје се спомнува во многу холивудски филмови, како што се „Константин“, „Индијана Џонс“, а го сретнавме и во популарната српска серија „Сенки над Балканот“.

За ова копје голем интерес изразил и Адолф Хитлер, поточно неговиот соработник Хајнрих Химлер којшто имал сопствен интерес кон езотеријата и за пронаоѓање на овие артефакти ги користел СС трупите коишто биле под негова команда.

Целиот интерес на Хитлер за копјето започнал од операта „Персифал“ на Рихард Вагнер. Во операта витезот Персифал со чистокрвно ариевско потекло го победува Клигсор со помош на копјето.

Svetoto-kopje-po-koe-tragal-Hitler (3).jpg

Ова му дало идеја на Хитлер за промоција на „нова“ христијанска религија со чистокрвна ариевска раса, која води потекло уште од витезите, а како доказ за тоа решил да го искористи постоењето на копјето. Така штом Германија ја анектирала Австрија, копјето веднаш било пренесено во Нирмберг и скриено. Најдено било дури кога американските трупи влегле во Германија на чело со генералот Патон и тогаш било вратено во Австрија.

Копјето се верува дека му носи моќ на оној којшто го поседува, бидејќи сојузниците не можеле поинаку да го објаснат брзиот напредок на Хитлер во Втората светска војна.

Svetoto-kopje-po-koe-tragal-Hitler (1).jpg

Меѓутоа, се верува и дека му носи брза смрт на оној кој ќе го изгуби, па така се објаснува самоубиството на Хитлер, а и смртта на Патон во сообраќајна несреќа.

Карактеристично за ова копје е тоа што тоа се состои од еден метален врв од копје којшто е споен со сребрени нишки за да се држи во еден дел, а одозгора во еден дел е обвиткан со златна лента.

Исто така, се верува дека во ова копје е втиснат и еден од клинците со којшто бил закован Исус на крстот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава