7 работи кои секоја недела треба да ги правите за себе

Во време кога претрупаниот распоред ни се претвори во секојдневие, мораме повеќе да мислиме на себе.

7-raboti-koi-sekoja-nedela-treba-da-gi-pravite-za-sebe-01.jpg

Во целата таа гужва многу е лесно да заборавиме што вистински сакаме. Па, како по обичај, неделата нека ви биде ден за себе, за да се потсетите што е она што ве прави среќни и исполнети.

Создадете си навика да ги правите овие 7 работи секоја недела:

1. Испланирајте ја неделата

Не се препуштајте на случајностите кои може да ве затекнат неподготвени во текот на неделата. Најдете си некој симпатичен тефтер во кој ќе направите барем основен план на обврските. И секако, не заборавајте да вметнете неколку термини за задоволства како на пример, чоколадна торта и кафе со пријателите.

2. Започнете го утрото без утринска рутина

Разбудете се порано, подгответе овесна каша, испијте чаша вода, наместете го креветот... Главно, обидете се да не се држите до здодевната рутина на стани, облечи се и излези во брзање.

3. Потсредете го домот

Иако мислите дека избегнувањето на чистењето за време на викендите значи повеќе време за одмор – се лажете. Од понеделник ќе сфатите дека идејата да го одложите раскревањето на плакарот и миењето на садовите била лоша.

7-raboti-koi-sekoja-nedela-treba-da-gi-pravite-za-sebe-02.jpg

4. Вдишете свеж воздух

Прошетајте, застанете за да го сликнете графитот кој ви се допаѓа, набљудувајте го погледот кој ви ги одмора очите... не се срамете да излезете сами и да ги наполните градите со свеж воздух.

5. Оставете го мобилниот телефон

Исклучете го целосно или барем звукот. Од прво ќе биде чудно, но за кратко ќе се навикнете на мирот без постојано зуење и свиркање.

6. Пронајдете време за мини ритуали

Иако дружењето со саканите ви ги полни батериите и е одлично за расположението, обидете се да одвоите време за мини ритуали кои ќе ги правите сами. На пример, читајте книга покрај прозорецот или пијте кафе сами на терасата.

7. Размислете кои навики може да ги промените

На пример, ако премногу пари ви одат на превоз или храна додека сте на работа, смислете начин како би го промениле тоа. Излезете порано или испазарете во недела и наутро подготвувајте си појадок. Испланирајте како да ги промените навиките кои ви одземаат пари или енергија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава