Како брзо и квалитетно да се наспиете додека патувате во различни превозни средства?
Тропањето на тркалата, тресењето на автомобилот или возилото, бучавата, сијалилците по патот и слични работи може да бидат тортура кога се обидувате да заспиете по пат.

И додека некогаш не е неопходно да заспиете, има ситуации и патувања кога сакате да одморите во тие неколку часа.
Па, доколку не сакате да се мачите на следното патување и имате потреба квалитетно да се наспиете, постојат начини и за тоа.
Ефективни совети од искусни патувачи кои ќе ви помогнат полесно да заспиете во било кое превозно средство:
Во воз
- Треба да се изморите пред патувањето, така полесно ќе заспиете каде било
- Земете тампони за уши и маска за очи за да не ви пречи околината
- Не спијте преку ден пред патувањето
- Не се прејадувајте
- Можете да консумирате билки за смирување како валеријана или чај од нане и камилица
- Читајте книги – тоа е познат метод за полесно заспивање
- Пуштете си тивка, смирувачка музика
- Носете удобна облека за да ви биде пријатен одморот
Во авион
- Не резервирајте седишта во последниот ред
- Секогаш врзувајте го безбедносниот појас, за во случај на турбуленција додека спиете, стјуардесата да не ве вознемирува
- Пијте вода – сувиот воздух предизвикува дехидрација, а тоа води до инсомнија
Во автобус
Истите методи како за во воз, плус уште неколку:
- Напијте се апче против гадење од движење, бидејќи патот со автобус е понепријатен
- Одберете го вистинското место за вас – покрај прозорец може да ја потпрете главата, а на другото седиште, може да ги испружите нозете кон средината на автобусот
- Одберете автобус за враќање – ако во еден правец патувате со воз или авион, а во друг со автобус, секогаш бирајте го автобусот за назад, бидејќи се смета дека патот назад е полесен и побрз.

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит...
Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности
„Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ...
Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот
Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации
Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Колку брзо и драстично се менува светот околу нас, низ илустрации
Со машините за алишта, за садови и робот правосмукалките, домашните обврски ни с...

