6 погрешни навики на луѓето кои постојано немаат пари

Кога некој ќе ви каже дека сиромавиот и богатиот се разликуваат по неколку клучни навики, сигурно нема да му верувате. Но, целосно е вистина.

6-pogresni-naviki-na-lugjeto-koi-postojano-nemaat-pari-001.jpg

Не зборуваме за екстреми, туку за оние луѓе кои постојано немаат пари, наспроти оние кои ги имаат подмирено сите сметки и сепак им остануваат пари за лични задоволства.

6 погрешни навики кои ако ги промените, ќе заборавите на изговорот „немам пари“:

Постојано купувате на распродажби

Константното барање на попусти и распродажби ве тераат да купувате повеќе работи за многу помалку пари, иако сте свесни дека не добивате квалитет.

Луѓето кои постојано имаат пари во џеб не се плашат да ја платат реалната цена за некој предмет или парче облека, бидејќи ја знаат вредноста на она што го купуваат.

Ви треба повеќе од 1 час за да стигнете на работа

Колку пати сте ја слушнале фразата „времето е пари“? Секогаш можете да направите повеќе пари, но време, малку потешко.

Па, ако во денот губите по 2 часа за да стигнете и да се вратите од работа, губите 40 часови во месецот. Време е да побарате нешто поблиску.

6-pogresni-naviki-na-lugjeto-koi-postojano-nemaat-pari-02.jpg

Ако престанете да работите, нема да можете да живеете со исто темпо и начин на живот подолго од 3 месеци

Колку долго можете да живеете доколку месечните примања од неочекувана причина одеднаш престанат? Месец, два, три?

Просечен човек треба да има заштеда за наредната година дена од животот, за да може да функционира и без да заработува. Затоа, време е да го најдете начинот на кој ќе штедите.

6-pogresni-naviki-na-lugjeto-koi-postojano-nemaat-pari-01.jpg

Имате сметки кои ги плаќате со потешкотии

Ако имате смартфон на кредит, автомобил на кредит, патувате со пари од кредит... тоа е причината зошто постојано немате пари.

Постои правило кое гласи: месечните рати за кредит не би требало да бидат повисоки од 40% од платата. И треба строго да се придржувате до него.

Трошите пари кои реално ги немате заработено

„Купи сега, плати подоцна“ е најлошото можно правило по кое може да живеете.

6-pogresni-naviki-na-lugjeto-koi-postojano-nemaat-pari-04.jpg

Очекувате некој друг да се грижи за вашите примања кога ќе остарете

Луѓето кои постојано немаат пари се склони на тоа да ги обвинуваат сите, освен себеси, за ситуацијата во која се наоѓаат.

Мора да разберете една работа: вашите примања кога ќе остарете не се сигурни, освен ако самите не си ја обезбедите сигурноста.

6-pogresni-naviki-na-lugjeto-koi-postojano-nemaat-pari-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава