Во секоја манџа - зачин: Како да ја победите и најлошата свекрва?

Кога го запознавате човекот на вашиот живот, факт е дека тој доаѓа со „багаж“, а во тој багаж најчесто е спакувана и неговата мајка.

Kako-da-ja-pobedite-i-najlosata-svekrva-01.jpg

Колку мажи знаете кои се во конфликт со мајките на нивните сопруги? Веројатно никој или многу малку.

А колку жени познавате кои се во конфликт со свекрвите? Веројатно премногу. Со цел да не бидете дел од оваа група жени, еве ги шесте најчести проблеми и можните решенија за истите.

Тие кои ќе ви помогнат да изградите врска со свекрвата која се темели на разбирање и почитување:

Проблем 1: Свекрвата мисли дека секогаш е во право

Доколку имате свекрва која мисли дека има решение за секој проблем, некоја која знае сè најдобро, од начинот на одгледување деца до рецепти, веројатно не ви е воопшто лесно.

Но тоа не значи дека не можете да пронајдете заеднички јазик со неа.

Наместо постојано да се борите, изберете ги оние битки кои ви се навистина важни. Доколку одбивате да ги слушате нејзините совети или мислења, запрашајте се зошто се чувствувате така.

Можеби „држите“ лутина или гнев поради нешто што ви го рекла или направила многу порано. Но, таквиот став не ви е од помош.

Голема е веројатноста дека вашата свекрва ви мисли сè најдобро, вам и на вашето семејство, но не умее добро да се изрази.

Решение: Во ред е да не ви се сложуваат секогаш мислењата. Но, потребно е во секоја расправија да се однесувате како возрасен човек и да се потрудите да најдете некаква „златна“ средина.

Наместо отворено да ѝ се спротивставувате, обидете се внимателно да ја сослушате и дадете ѝ до знаење дека ќе размислите за нејзиниот совет.

Проблем 2: Постојано доаѓа бидејќи сака да се дружи со внуците

Доколку свекрвата сака да поминува повеќе време со вашите деца, немојте да гледате на тоа негативно. Искористете го тоа време за вас и сопругот, довршете ги заостанатите обврски или посветете им време на своите интереси.

Во случај да се појавува ненајавено во вашиот дом, најдобро е да поразговарате околу распоредот и однапред да се договорите кога може да дојде.

Решение: Наместо да се лутите и расправате, земете здив и седнете да поразговарате со партнерот и да се договорите околу термините за посета.

Размислете кое време најмногу ви одговара за свекрвата да дојде кај вас или да ги изнесе децата надвор.

Зацртајте строго определени термини, така што на тој начин сите ќе бидете во тек со распоредот и ќе знаете што е дозволено, а што не е. И вие ќе имате повеќе слободно време кое ќе може да искористите онака како што сакате.

Проблем 3: Ве споредува со поранешната девојка на партнерот

Еве го сценариото: Свекорот и свекрвата ви доаѓаат на ручек и одеднаш слушате коментар како поранешната девојка на вашиот сопруг имала огромен талент за готвење.

Факт е дека споредбите со поранешните партнерки никогаш немаат среќен крај.

Морате јасно да ѝ дадете до знаење дека ваквите коментари не доаѓаат предвид и дека ве навредуваат. Секако, мора да ја имате и поддршката од сопругот на оваа тема, иако мажите обично не сакаат да заземаат страна помеѓу жената и мајката.

Но, сеедно, замолете го да поразговара на само со неа и да ја предупреди да не коментира вакви работи пред вас, бидејќи на крајот на краиштата–тој ве избрал вас, а не некоја друга.

Решение: Доколку разговорот не помогне, а односите со свекрвата продолжат да се продлабочуваат и стануваат сè полоши и полоши, размислете за заладување на односите.

Иако, сметајте дека овој чекор треба да ви биде последното прибежиште, т.е. решение.

Проблем 4: Се меша во кавгите кои ги имате со сопругот

Доколку сте имале ситуацијата свекрвата да налета среде кавгата која ја имате со сопругот знаете колку непријатно може да биде тоа. Особено доколку таа заземе страна (најчесто неговата) и се здружи отворено со него против вас.

Одеднаш, лути сте му на мажот, лути сте ѝ не неа.

Решение: Врската помеѓу мајката и детето е исклучително силна. Не е никакво чудо што вашата сверква е на неговата страна. Сепак, тоа не значи дека она што го прави е во ред.

Ако ви се случува ова треба сериозно, со „ладна“ глава да поразговарате со сопругот. Вашата врска и однос се само ваши – и никој не смее да ви се меша.

По вашиот разговор потребно е тие да имаат разговор во кој тој ќе ѝ објасни дека местото не ѝ е помеѓу вас, особено за време на караници.

Проблем 5: Не обрнува внимание на правилата кои сте ги поставиле со сопругот кога се работи за децата

Кога се кај свекрвата, децата јадат слатки без мера, скокаат на креветите и никој не проверува дали си ги измиле забите пред легнување. Колку и да ве лути ова, сепак попуштете.

Опуштете се и уживајте во слободното време кое сте го добиле додека некој друг ви ги чува децата.

Решение: Попуштете ѝ на свекрвата. Времето кое таа го поминува со внуците за неа е драгоцено и таа смета дека вие сте тука за воспитување и дисциплина, а бабите и дедовците се за забава.

Доколку сепак во прашање е нешто посериозно, првиот чекор е да се посоветувате со партнерот околу работите што ви пречат, без разлика дали се работи за количината на изедени слатки или времето за легнување во кревет.

Сепак, бидете флексибилни, а не престроги. Малите компромиси може да направат чудо.

Проблем 6: Ви „спушта“ критики во секоја можна прилика

Постојат ситуации во кои односот со свекрвата може да прерасне во вистинска војна. Една од нив е дефинитивно онаа кога таа ве критикува или ве посрамотува. Тоа сепак оди и во двата правци, иако почест е случајот кога мајките на сопрузите обожаваат да ги критикуваат снаите.

Решение: Иако свекрвите имаат право на свое мислење, сепак многу е важен начинот на кој го кажуваат истото.

Доколку не ви се допаѓа нејзиниот пристап најдобро е да седнете со неа и отворено да ѝ признаете дека нејзините зборови ве навредуваат и растажуваат, и дека негативните коментари едноставно ви пречат бидејќи сметате дека не сте ги заслужиле.

Предложете ѝ своите мислења да се обиде да ги кажува на малку попозитивен начин. Но гледајте по секоја цена да избегнете кавга.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg