Сопственици на светски познати брендови кои се непознати за јавноста

Исак Тигрет и Питер Мортон - Hard Rock Cafe

Познатиот ланец на кафулиња низ светот има навистина интересна историја. Во 1969 година музичари од бендот Дорсвер снимаат албум наречен Морисон Хотел. Во исто време тие случајно влегуваат во ресторан наречен Hard Rock Cafe каде стилот тотално одговарал со нивната музика.

Тие направиле неколку слики во ова кафуле и ги ставиле сликите на задната страна од нивниот албум.

По една година Исак и Питер бараат дозвола да отворат вакво кафуле во Лондон со истото име. Оттогаш Хард Рок Кафе станува едно од најпознатите кафулиња ширум светот.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_07.jpg

Рене Лакост - Laсoste

Овој познат бренд е создаден од страна на тениски играч Рене Лакост кој во 1926 година за еден од неговите турнири си шие маица со кратки ракави.

Неговиот прекар бил алигатор што потоа станува и лого на компанијата.

Во 1933 Рене ја отвора својата компанија за производство на маици за тенис, голф и едрење.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_08.jpg

Оле Кирк Кристијансен - Lego

Во '30-тите години Оле започнува компанија која произведува скали и штици за пеглање на облека, но за брзо време започнува да прави дрвени играчки.

Во 1947 година кога играчките стануваат пластични тие имаат посебни делови кои дозволуваат да се спојуваат меѓу себе.

Моделите на лего коцките се менуваат но механизмот за прикачување останува ист до денес. Затоа новите и старите коцки можат да се комбинираат во нови креации.

Оле умира на само 66 години оставајќи ја компанијата на неговите 6 синови.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_09.jpg

Лери Пејџ и Сергеј Брин - Google 

Google е создаден од двајца студенти на универзитетот Стенфорд во 1998 година кога името google.com е официјално регистрирано.

Името е создадено од англискиот збор гоогол што означува број со 100 нули.

Денес Google е еден од најкористените онлајн пребарувачи.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_10.jpg

Кевин Систром - Instagram

Познатата мрежа Инстаграм е создадена од уште еден студент на Станфорд универзитетот, кој својата љубов кон фотографијата ја преточува во една од најпознатите социјални мрежи на денешницата.

Инспириран бил од обичен фотоапарат кој произведува наједноставни фотографии и го креира првиот филтер X-Pro II.

2 години по лансирањето апликацијата ја купува Фејсбук за 1 милијарда долари.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_11.jpg

К. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg