Сопственици на светски познати брендови кои се непознати за јавноста

Додека голем број на сопственици на познати компании и брендови уживаат да бидат портретирани и позиционирани на ниво со славните, голем број од нив не сакаат да се во центарот на вниманието и живеат релативно нормален живот.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_01.jpg

Овие 10 сопственици на познати брендови спаѓаат во вториот тип на луѓе.

Тие имаат славен бизнис, но неславен лик:

Фил Најт - Nike

Фил Најт, сопственикот на една од најпознатите светски компании за производство на спортска опрема Nike, е човек кој нема да го сретнете по магазините, таблоидите или на телевизија.

Тој својата компанија ја основа заедно со неговиот тренер по трчање. Во '60-тите во Америка не постоеле добри патики за трчање, па така Фил и Бил одлучуваат да започнат сопствено производство.

Името Nike и познатото лого компанијата ги добива во 1978 година.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_02.jpg

Хауард Шултц - Starbucks

На почетокот Starbucks започнува како една продавница која продава зрна кафе и опрема. Во 1987 година Хауард ја купува компанијата претворајќи ја во вистинска продавница за кафе.

Инспириран од италијанската атмосфера во кафулињата за еспресо, тој ја претвора Starbucks во една од најпознатите светски продавници за популарниот пијалак.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_03.jpg

Амансио Ортега - ZARA

Својот бизнис Амансио го започнува заедно со својата сопруга во '70-тите години. Тој изработува фустани и бањарки најпрво во својата дневна соба.

Првиот бутик го отвора во Ла Коруња, Шпанија во 1975 година наречен Зорба. За многу брзо време ZARA започнува да расте, а голем придонес е одлуката да се започне со процесот на брза мода, односно изработка на нови дизајни на секои 2 недели.

Амансио Ортега денес е еден од најбогатите луѓе во светот.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_04.jpg

Пер и Вини Еневолдсен - Pandora

Во 1982 година фамилијата Еневолдсен отвора мала продавница за накит во Копенхаген продавајќи парчиња увезени од Тајланд.

Во 1987 нивната компанија е доста голема и започнуваат да изработуваат сопствени дизајни.

Во 2000 година кога нивната позната белегзија стапува на сцена, каде потрошувачите можат директно да учествуваат во дизајнот, Pandora станува една од најпознатите компании за накит, а Еневолдсен едно од најбогатите фамилии во Данска.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_05.jpg

Мишел Фереро - Ferrero

Мишел е наследник на фамилијарниот бизнис на производство на чоколаден крем со лешници. Неговата брилијантност, креативност и истражувањето на пазарот се тоа што ја прави неговата компанија успешна.

Тој е креаторот на чоколадните Киндер јајца и се разбира популарните слатки Фереро Роше и Рафаело.

Но, исто така тој е заслужен за подобрување на рецептот за чоколадниот крем со лешници и неговото популарно име Нутела. Уште еден негов генијален изум се Тик Так бонбончињата.

Тој умира на возраст од 89 години оставајќи ја компанијата на своите деца.

sopstvenici_na_najpoznatite_svetski_brendovi_koi_tesko_deka_gi_znaete_06.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава