Ситници кои треба да ги направите пред 9 часот наутро за да „ви тргне“ денот
Утринската рутина која ја имате е најважна за тоа како ќе ви се одвива остатокот од денот, или ако подлабоко размислиме – каков ќе ви биде животот.

Независно каков тип на утрински човек сте, време е да промените некои работи и да си го подобрите квалитетот на животот.
Толку мали ситници може да направат големи промени иако вие не сте свесни, но во секој случај, позитивно ќе ви влијаат.
Обидете се да станувате рано и до 9 часот веќе да имате направено поголем дел од следниве работи:
Одете на брза прошетка.

Наместете си го креветот – мала, но моќна навика.

Пијте вода – на телото му е потребна по спиењето.

Запишете нешто убаво што сакате да ви се случи во текот на денот.

Внесете кофеин во телото за полесно будење.

Направете мала домашна обврска која вообичаено би ја одолговлекувале цел ден. (замислете да се вратите дома и да немате обврски)

Одвојте неколку минути за утринска зен сесија за да го започнете денот смирено.

Испланирајте ги целите за денешниот ден.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима)
„По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“.
„По тежо...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата
Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
18 луѓе чиј работен ден е (сигурно) полош од вашиот
„Донесов мафини на работа за да почестам за роденденот. И тогаш дознав дека ме о...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот)
Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте.
Сакате...